1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Рио договор уште пред почеток на самитот

Конференцијата на ОН за одржлив развој што денеска почнува во Рио де Жанеиро ќе стартува со веќе постигната согласност околу завршната декларација.

Се очекува шефовите на држави и влади од околу 100 земји да не отстапуваат од текстот на завршната декларација кој е веќе договорен. Таканаречениот самит „Рио+20“ се декларира за „зелено стопанисување“. Дали за да се исполни таа цел се потребни нови закони, или целта ќе се остварува доброволно и со пазарни поттикнувања, секоја земја може да одлучи за себе. Заштитниците на животната средина се незадоволни од постигнатиот копромис и нагласуваат дека тој е минимален и нема да донесе напредок.

Конференцијата во Рио е основана со цел да се обединат лидерите на земјите и да дефинираат прашања на одржлив развој кои ќе водат кон иднина во која населението во светот ќе има пристоен животен стандард, притоа чувајќи ги еко-системите и природните ресурси. Во текот на овој самит на ОН, во Рио ќе се одржува и „Самит на народите“, односно иницијатива на околу 200 еколошки организации и општествени движења од цел свет.