1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Прешево се протестираше без инциденти

Протестниот собир поради отстранувањето на споменикот на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац заврши без инциденти, но со испорачани десет барања до властите.

На митингот на албански јазик беше прочитан текст од декларација која ја усвоија политичките лидери на Албанците од југот на Србија, по што на истото место започна и протест на невладините организации.

На зградата пред општината Прешево е истакнат транспарент на албански во кој се наведени „10 народни барања до политичарите“, со кои им се порачува на политичарите да „не зборуваат во име на борците од ОВПМБ“ и да „не ги продаваат мачениците“.

Во центарот на Прешево се собраа неколку илјади луѓе, кои носеа транспаренти на кои пишуваше „Европо, отвори очи“, „Стоп за дискриминацијата“ и „Стоп на албанофобијата“.

Единствениот албански пратеник во српското собрание Риза Хаљими пред одржувањето на протестот рече дека Србија продолжува да ги решава проблемите со насилни средства, а не со дијалог.

„Заедничкиот став на сите политички лидери е да истраеме во остварувањето на легитимните индивидуални и колективни права на Албанците од Прешевската долина“, рече Хаљими.

Според претседателот на општинското собрание Скендер Дестани српската влада покажала дека „не ги сака Албанците во Прешевската долина“. Тој рече дека со помош на меѓународната заедница ќе бараат да имаат исти права како Србите на северот од Косово.

Presevo Serbien albanisches Rebellendenkmal wird abgerissen

Отстранетиот споменик на ОВПМБ

Поранешниот државен секретар во Министерството за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ оцени дека на протестите на Албанците не се очекуваат поголеми проблеми. Според него, претставниците на Албанците од југот на Србија неодамна ја посетиле Приштина, но таму „не добиле порака дека имаат поддршка“ за спорното прашање со споменикот. Тој смета дека поставувањето на споменикот е направено за да се сврти вниманието на јавноста и меѓународната заедница на проблемите на Албанците од југот на Србија. Затоа, тој вели дека сега е моментот државата за тоа и да преговара.

Потпретседателот на српската влада Расим Љаиќ, пак, им порача на Албанците да се свртат кон Белград, а не кон Приштина или Тирана, бидејќи делот во кој живеат не може да се спои со Косово, и покрај желбите на некои албански политички лидери. Тој смета дека Албанците од југот на Србија ја немаат поддршката на меѓународната заедница за промена на границите. За вчерашното отстранување на споменикот од Прешево Љаиќ рече:

„Моравме да реагираме на ваков начин. Предлогот беше споменикот да биде поместен во дворот на Домот на културата или џамијата. Тие објаснуваа дека не можат во дворот од џамијата, бидејќи верската заедница има своја автономност. Не зборуваа ништо за Домот на културата и се’ се развлече во недоглед“.

На преговорите за споменикот поинаку гледаат странските претставници во Србија. По вчерашната реакција на ОБСЕ се огласи и амбасадата на Велика Британија во Србија, од каде велат дека поволното решение било „на дофат на рацете“. Велика Британија изрази жалење за едностраната одлука на српската влада да го отстрани бесправно подигнатиот споменик во Прешево.