1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во поход кон Белата куќа

Барак Обама очигледно ја обезбеди номинацијата на Демократската партија за претседател на САД, со што стана прв Афроамериканец кој ќе се бори за влез во Белата куќа. Хилари Клинтон е подготвена за потпретседател

default

Победнички настап на Обама во Минесота

По петмесечната жестока кампања во предизбори за претседателска номинација од Демократската партија, синоќа сенаторот Барак Обама пред неговите приврзеници во сојузната држава Минесота настапи победнички:

„Вечерва можам да излезам пред вас и да ви кажам дека јас ќе бидам кандидат од Демократската партија на претседателските избори во САД.“

Обама со тоа би бил првиот американски претседателски кандидат во историјата со црна боја на кожата. Мнозинството суперделегати му ја ветија поддршката, што е одлучувачки за неговата номинација.


Хилари не го призна поразот


Противкандидатката на Обама, поранешната прва дама на САД, сенаторката Хилари Клинтон доби пофалби од Барак Обама. Сега е време Демократите да преземат нешто заеднички за да го победат кандидатот на Републиканската партија Џон Мек Кејн, изјави Обама. Клинтон не сакаше јавно да го признае поразот.

„Вечерва нема сеуште да донесувам конечна одлука“, изјави таа пред нејзините приврзеници во Њујорк. Таа сака најпрво да се консултира со своите советници. Му честиташе на Обама за фантастичната изборна кампања, како што рече, но не и за победа во номинацијата. Но, еден од советниците од нејзиниот изборен штаб изјави дека таа е отворена да преземање потпретседателска кандидатура, а таа го потврди тоа во разговор со своите колеги во Конгресот.

Дефинитивниот збор за тоа кој ќе биде нивен претседателски кандидат, Демократите ќе го донеста во август. Одлучувачките гласања за претседтелската номинација на оваа партија инаку се последните во Јужна Дакота и Минесота. На Обама му недостасуваат уште 40 делегатски гласови за да ги има потребните 2118 за претседателска номинација.





DW.COM