1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во потрага по утеха и одговори

Сите жртви во масакрот во американското основно училиште се идентификувани. Вработените во судска медицина се потресени од суровоста со која биле убиени 20-те деца и шестемина возрасни. За убиецот досега се знае малку.

Жртвите од масакрот во основното училиште „Сенди Хук“ се идентификувани. Откако сите тела беа обдуцирани, истрагата ја објави листата со 26-те жртви. Шестмина загинати се возрасни, меѓу нив и 27-годишната учителка Викторија Сото, која се фрлила врз учениците за да ги заштити. „Нејзин животен сон беше да работи како учителка“, изјави нејзин братучед за телевизијата Еј-Би-Си, нарекувајќи ја Сото - јунак.

Amoklauf in Newtown, Connecticut Schule Luftbild Vogelperpektive

Училиштето „Сенди Хук“

Сите дваесет убиени деца, меѓу нив 12 девојчиња и осум момчиња, се првачиња, на возраст од шест и седум години. Таткото на убиената Емили, Роби Паркер, излезе пред новинарите и низ солзи зборуваше за тоа колку прекрасно мало девојче била неговата ќерка - пријателски настроена, подготвена да помогне, уметнички надарена.

Луѓето од судска медицина потресени

Жртвите биле убиени сурово, дел од нив со по единаесет куршуми. Еден од луѓето од судска медицина задолжени за случајот изјави дека во неговата 30-годишна кариера тоа било најстрашното што го видел. Сепак, таткото на Емили вели дека не е бесен и апелира страшното злосторство да помогне за луѓето да станат подобри и почувствителни. Паркер се одлучи да се обрати до јавноста. За сите останати семејства на жртвите, истрагата моли да бидат оставени намира и да се почитува нивната приватност.

Мајката на убиецот не била учителка во основното училиште

И по два дена од масакрот се‘ уште се отворени многу прашања. Има неколку нови, корегирани информации. Според нив, мајката на убиецот не работела како учителка во основното училиште, како што првично се тврдеше. Убиецот Адам Ланца не бил пуштен да влезе во училиштето од страна на директорката, туку влегол со пукање.

Amoklauf Newtown Connecticut 15.12.2012 Gedenkfeier Sandy Hook Elementary School

Тага и потресеност во САД

Малкуте фотографии од 20-годишниот Ланца прикажуваат слабо, бледо момче, кој срамежливо гледа во фотоапаратот. Познаниците го опишуваат како интелигентен самотник. Останатите информации се противречни. Според едни, тој бил пријателски настроено момче, додека други тврдат дека бил „бомба која можела да експлодира секој час“. И порано зборувал дека ќе крене работи во воздух. Се вели дека Ланца имал благ аутизам. Поранешен наставник изјави дека Ланца не чувствувал телесна и душевна болка.

За сите овие информации досега нема потврда од истрагата. Оттаму се вели само дека во училиштето и во куќата на Ланца, каде тој ја убил мајка му, се најдени траги со кои може да се дојде до одговорот на прашањето „Зошто?“. Не се пронајдени проштално писмо или белешки кои би дале инфиормации за тоа како го планирал масакрот.

Семејството на Ланца пред медиумите прочита куса изјава, во која изрази жалење до семејствата на жртвите и соопшти дека и самите се вџашени и бараат одговор. Вечерва (16.12) во Њутаун треба да пристигне американскиот претседател Барак Обама. Тој ќе се сретне со смејствата на жртвите и ќе присуствува на богослужба.