1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во потрага по среќа

Поради големата невработеност и тешката ситуација, се’ поголем број луѓе се исселуваат од Македонија. Според некои статистики, само во дебарскиот крај бројот на жителите во однос на деведесеттите години е преполовен.

default

Дебар се празни

Според последните податоци на „Еуростат“, Македонија има брито домашен производ по глава на жител кој е за цели 70% понизок од просекот во ЕУ. Земјата има помал БДП и од Хрватска и Турција, двете земји кандидати за членство во Унијата. Живеењето во Македонија не е лесно, па затоа се’ поголем е бројот на луѓе коишто среќата си ја бараат во некоја друга побогата држава. Во некои региони ситуацијата со иселувањето е критична. Дебар е еден од најпечалбарските краеви во Македонија.

Според некои статистики во дебарскиот крај бројот на жителите преполовен, во однос на деведесеттите години. Масовниот бран иселувања, кој никако да запре, околу шест илјади дебрани - кои така се нарекуваат без оглед дали се од Дебар, од Жупа или од Река, ги однесе во Италија. Неколку илјади се во другите европски земји, а цел еден Дебар во САД. „И повеќе од еден Дебар“, вели претседателот на татковинското друштво „Дибра“, Ибрахим Колари.

Passkontrolle bei der Einreise in die USA

Се поголем број луѓе бараат виза за престој во САД

Америка е една од најомилените дестинации

Во овој крај нема семејство кое нема свој близок надвор од границите на Македонија. Со години таму се и цели фамилии.За оние кои останле тука на радоста и нема крај кога ќе добијат виза и ќе може да ги видат најблиските. На почетокот на 2008 повеќе од четористотини дебрани поднеле документи за добивање виза преку американската лотарија, а среќата, како што самите велат, им се насмевнала на 30 од нив. Тие сега веќе се таму. Повеќето се фамилијарни лица што ќе рече дека заминаа не триесет туку најмалку трипати повеќе. А оние кои заминуваат за евопските земји, пред се Италија, и не може да се бројат. За сите нив, каде и да се, заедничка им е носталгијата и желбата да дојдат барем за малку, да стапнат на родната грутка, зашто како што вели Зулфо Незировски, дома си е дома.

А како и да не тагуваат, напуштаат еден од најубавите краеви во Македонија. Место каде се живее покрај жуборењето на прекрасната река Радика и шумлењето на Бистра, Кораб, Крчин и Стогово.