1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во потрага по сојузници во Европа

Американскиот претседател Барак Обама денеска со посетата на Ирска ја започнува европската турнеја. Покрај учеството на самиот на Г8 во Франција, тој ќе ги посети уште Велика Британија и Полска.

Обама со сопругата Мишел по слетувањето во Даблин

Обама со сопругата Мишел по слетувањето во Даблин

На самитот на Г8 во францускиот Девил на дневен ред се прашања за актуелната светска економија и меѓународни теми, како ситауцијата во арапскиот свет. Во Даблин, како и при посетата на Лондон и Варшава на дневниот ред ќе се најде и состојбата во билатералните односи меѓу светската супер-сила и европските партнери. При првите посети по доаѓањето на функцијата, европејците беа одушевени од личната каризма на новиот американски претседател и веруваат дека тој ќе донесе и препород во односите меѓу САД и Европа.

„Мислам дека во изминатите седум - осум години се создадоа многу тензии меѓу Соединетите држави и Европа. Една од целите на мојата влада ќе биде да ја обнови оваа историска алијанса.“

Говорот во Прага, каде Обама повика на создавање свет без атомско оружје

Говорот во Прага, каде Обама повика на создавање свет без атомско оружје

Тоа беа зборовите на американскиот претседател изкажани во 2009 година. Во првата година од мандатот тој ја посети Европа шест пати, и секаде - сеедно дали во Берлин, Прага или Брисел - беше дочекан со голема еуфорија. Во меѓувреме некогашниот носител на надеж се соочи со политичкото секојдневие и тоа не само во САД. И во односот кон европските партнери спласна надежта за ренесанса во односите. Вернер Вајденфелд, професор на универзитетот во Минхен и долгогодишен набљудувач на трансатлантското партнерство, вели:

„Ангажманот да се обноват односите какви што беа порано, во смисла на стратегиска алијанса, стратегиско партнерство за сите прашања од светската политика, сето тоа бара многу поголема сила и ангажман, отколку што досега вложија Американците и европејците.“

Силни заложби

Притоа и на двете страни на Алтантикот, се истакнува токму оваа страгиска алијанса за речиси сите глобални теми. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во пресрет на оваа турнеја истакна:

„Соединетите држави и Европската унија се партнери. Работиме заедно при речиси сите голобални теми и сите можни регионални конфликти. Соработуваме во речиси сите важни и долгорочни прашања врз база на трансатланското заедништво, кое се заснова врз исти демократски вредности и верба во неограничените можности на единката.“

Обама при говорот за Блискиот исток и Северна Африка

Обама при говорот за Блискиот исток и Северна Африка

Американските позиции меѓутоа не секогаш се поклопуваат со европските. Тоа се покажа и неодамна при кризата во Либија, кога Германија се воздржа при гласањето во Советот за безбедност на ОН. Меѓутоа и при заедничкиот ангажман во Авганистан, до денес е јасно видлив различниот пристап, вели политикологот Вајденфелд.

Блискиот исток во фокусот

На двете страни на Алтаникот исто така знаат дека пресвртот во арапскиот свет се приближува до епицентарот на блискоисточниот конфликт, до Израел. Со говорот за Блискиот исток Обама минатата недела се обиде пред се’ да им даде перспектива на луѓето во арапскиот свет. Меѓутоа, блискоисточниот конфликт меѓу Израел и Палестинците, наместо да биде надминат, во ерата на Обама уште повеќе се зацврсти.

„На неговата агенда стои размена на мислења со Европејците за блискоисточниот конфликт. Обама знае дека важните прашања не е во состојба сама да ги реши ниту една сила на светот“, подвлекува политикологот Вајденфелд.

Посетата на Обама во Европа доаѓа во време кога иднината на Европската унија, со оглед должничката криза, е поврзана со многу непознаници. Посета на Бирсел не е планирана, меѓутоа со некои европски челници, американскиот претседател ќе има можност да се сретне и за време на самитот на Г8 во Девил.

Автор: Даниел Шешкевиц / Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM