1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во покерот околу гасоводите Русија има подобри карти

Русија и ЕУ водат безмилосна трка околу гасоводите. Вака барем изгледа откако рускиот главен трговец, премиерот Владимир Путин склучи договор со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Но, ова е само половина вистина.

default

Потреба има за двата гасовода, како за рускиот „Јужен тек“, така и за европските „Набуко“-цевки, оти гладта по гас на европските потрошувачи ќе расте во наредните децении. Политички и економски погледнато, Русија со својот проект е во предност бидејќи со својот државен концерн „Гаспром“ полесно може да ги инвестира 20-те милијарди евра за изградба на гасоводот. Европскиот гасовод „Набуко“ го гради приватен конзорциум, за околу 10 милијарди евра. „Набуко“ на крајот мора да биде економичен, додека „Гаспром“ може да си дозволи и огромни загуби.

Во двата проекта учествуваат европски држави, како Грција, Италија, Бугарија и Австрија, но и Турција. Ова покажува две работи - во однос на енергетската безбедност секој ги гледа пред се’ своите интереси. Заеднички настап на ЕУ не може да се препознае и тоа не

Nabucco Erdgas Pipeline

Трасата на „Набуко“

e ниту посакувано. Имено, снабдувањето со енергија е во надлежност на секоја држава членка. Европската унија се’ уште е далеку од следење заедничка енергетска политика во однос на големиот испорачател Русија, оти 27-те земји членки не се единствени по прашањето - што всушност сакаат.

Балтичките држави и Полска, Чешка и Словачка, по нивните искуства во поранешниот Источен блок, сакаат да одбегнат каква било зависност од Русија. Италија, Грција и Австрија, напротив, се верни партнери на Русите по енергетски прашања. Најголемата група во ЕУ, во која се вбројуваат и Германија и Франција се согласни клиенти, кои знаат дека уште долго ќе бидат зависни од руските славини.

Кавказот има главна улога

Во принцип, добро е што со „Северниот тек“ во Балтичкото море, „Јужниот тек“ и „Набуко“ на југот се создаваат алтернативи за досегашните гасоводи низ Украина и Белорусија. Губитник пред се’ е Украина, која поради Турција ќе го загуби статусот на важна транзитна земја.

Клучна улога во крими-романот со гасот игра Кавкаскиот регион. Важни гасоводи и нафтоводи, изградени со американска помош, минуваат низ Грузија, која константно води спорови со Русија. Без да бидат стабилни Грузија, Азербејџан и Ерменија не може вистински да функционираат ни „Јужниот тек“, ниту „Набуко“. Уште поважно од прашањето за трасата каде поминуваат

South Stream Erdgas-Pipeline

Трасата на „Јужен тек“

цевките е прашањето за испорачателите на гас. Кој треба да испорачува гас за гасоводите? Русија и Европската унија се обидуваат да ги придобијат као испорачатели централноазиските држави, пред се’ Туркменистан, Ирак и Иран. Тука е всушност конкуренцијата.

Русија не црпи доволно од сопствените извори за да ги исполни нарачките и затоа и‘ се потребни нови извори. Европската унија, исто така засилено, се ангажира околу испораки од просторот на Средоземното море и Норвешка и тука се потребни нови транспортни патишта.

За да постигне енергетска безбедност ЕУ би морала да ги заврши домашните задачи. На Европа и‘ се неопходни гасоводи на трасите север - југ и исток - запад, за да може да ги компензира тесните грла во снабдувањето со гас меѓу земјите членки.

Турција на Путин не може да му каже „не“

Франција пледира на Русите да не се гледа само како на конкуренција која мора да се држи надвор од европскиот пазар, што, инаку, воопшто не функционира. Многу повеќе, Европската унија и Русија би требало заеднички да ги раководат гасоводите. Среќен добитник во моментов е Турција, благодарение на својата геополитичка положба. Таа ќе стане најважна транзитна земја и со третиот гасовод „Син тек“, повторно директно е поврзана со Русија. Турција и не можеше поинаку, освен да ги потпише договорите со Путин. Зашто, Русија испорачува две третини од гасот за турскиот пазар и со тоа е речиси во монополска позиција.

Автор на коментарот: Бернд Ригерт

Превод: Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска