1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во пожар загинаа седум деца и нивната мајка

Во пожарот во зградата во местото Бакнанг, кај Штудгарт, денеска (10.03) загинаа осум лица, сите членови на турско семејство. Турската влада бара брзо расчистување на случајот.

Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, во порака на Твитер, напиша дека очекува разјаснување на случајот „кое нема да остави простор за сомнеж“. Осумте тела (седум деца и нивната мајка) се најдени на првиот кат од зградата, соопшти портпаролот на полицијата Роналд Крец. Причините за пожарот не се утврдени, но засега се исклучува можноста да се работи за злосторство. „Воопшто нема знаци дека се работи за напад“, соопшто полициски портпарол.

Четири лица успеале да се спасат од пожарот бегајќи на еден балкон од каде што биле преземени од страна на пожарникари. Тие се префрлени во болница. Сведоци тврдат дека пожарот прво избил во станот на семејството на кое му

припаѓаат жртвите. Во фокусот на истрагата е печката за затоплување. Полицијата соопшти дека во двата стана зафатени од огнот живееле 13 лица, но не се исклучува дека можеби имало повеќе луѓе во моментот на несреќата.

Турскиот амбасадор во Германија, Хусеин Авни Карслиоглу, попладнево пристигна на местото на несреќата, во придружба на министерот за внатрешни работи на покраината Баден Виртемберг, Рајнхолд Гал.