1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во пензија со 67

Касите за социјална помош во Германија стенкаат под товар на трошоците за се постарите пензионери. Сојузната влада затоа реши во наредните години постепено да ја покачи староста на заминување во пензија од досегашните 65 на 67 години. Во моментов се води бурна дебата за деталите и исклучоците. Што мислат за тоа, на пример, вработените во челичниот концерн Тисен- Круп:

Германски пензионери

Германски пензионери

„Се викам Клаус Витих, имам 46 години, веќе 27 години работам во Тисен-Круп и тоа во смени„.

Овој молер и лакирач по образование, работи и во недели и празници, во утринските и ноќните смени, како управувач на кран во фабриката во Дуизбург:

„Во моментов токму се одвива завршниот процес, односно челикот од конверетерот влегува во калапите. Откако ќе се најде таму, потоа натаму се обработува„.

Работата, посебно во смени, се одразува врз здравјето на вработените:

„Вработените во челичната индустрија со години бараат оние што работат во смени, во 24-часовниот процес, и саботи и недели, и на празници, од здравствени причини да добијат право веќе со 55 години да заминуваат со целосна пензија. Тогаш ни се смееја, но од здравствени причини секој мора да добие шанса, посебно ако 30 и повеќе години работел во смени, да може да замине во пензија без никакви одбивања„.

Соработниците на работничкиот совет од покривот на една зграда со рамен покрив од преку улицата гледаат кон висококатницата каде што заседава раководството на фирмата. Пензија со 67? Вили Зегерат, претседател на работничкиот совет за ова прашање има сосема јасно мислење:

„Едногласно сметаме дека ваквата постапка е срамота и во голема мера неприфатлива и несоцијална. Можно е да има групи што можат да работат до 67-годишна старост, но не и работниците„.

Посебно за луѓето што постојано работат во смени, заминувањето во пензија со 67 е превиска граница:

„Тоа го потврдуваат и статистиките на друштвото за професии: мнозинството од оние што континуирано работат веќе со 60 не се способни за својата професија„.

Во смени работи и 23-годишниот Марк Брунш. Тој е претставник на младата генерација во советот на фирмата. Брунш има јасна престава за сегашната дебата околу пензионирањето:

„Сегашната граница од 65 ја прифатив уште на крајот од образованието. Дебатата за 67 за мене и натаму значи да заминам со 65, веројатно со одбитоци, па не гледам друга можност освен дополнително и приватно да се осигурам за да можам да заминам во пензија со 65 или дури порано„.

Раководството на Тисен-Круп не сакаше да се изјасни за прашањето: пензионирање со 67. Затоа не е јасно дали фирмата ќе ги одбие ваквите планови на владата или не. Ризикот да мора да им се плаќа на постарите вработени кои здравствено не се во состојба да продолжат, за фирмата може да претставува товар.

Работникот Клаус Витих со завист се осврнува на старите времиња кога неговите колеги можеа да заминат во пензија со 55, но многумина од нив не доживеаја 60:

„Ако се решава на зелена маса луѓето да мораат да работат до 67, тоа ќе предизвика големо незадоволство„.