1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Во Пекинг веќе се чувствува олимписката атмосфера

Магичната бројка од 100 дена до отворањето на Олимписките игри во Пекинг е надмината. Посетителите од земјата и од странство се одушевени од подготвеноста на домаќините.

default

Гигантскиот стадион во Пекинг што го доби името „Птичје гнездо“

Доделување медали во новиот Олимписки стадион во Пекинг. Секако не од олимписките игри, туку од една домашна трка во брзо одење на 50 км. Кај публиката владее добро расположение, а повеќето од посетителите многу повеќе му посветуваат внимание на уникатниот стадион, отколку на спортистите.


„Стадионот многу ми се допаѓа. Единствената архитектура го прави знак на препознавање на Пекинг во целиот свет. Овде веќе владее прекрасна атмосфера„ – вели еден од домашните посетители.


И странците се одушевени


И случајните гости од Германија го делат неговото одушевување:


„Од далеку изгледа како некоја филигранска мајсторија, но кога ќе му се приближите тогаш гледате колку моќна, колку огромна градба е стадионот!“


„Неверојатно убаво, атмосферата се чувствува уште сега, веќе постои олимписки филинг...“


Ова кинеско семејство допатувало од градот Венжу на југоисточниот брег на Кина, цели 1.500 км до главниот град само да ги видат чудата на архитектурата подготвени за Олимписките игри. Од далеку е дојден и италијанскиот олимпиец и маратонец Стефано Балдини. И тој фотографира многу, но него посебно го интересира стазата за олимпискиот маратон:


„Стазата е многу убава, води покрај многубројни знаменитости, како на пример Храмот на небескиот мир. Дури на 40-тиот километар се појавува големиот Олимписки стадион и тука почнува завршницата. Мислам дека маратонот ќе биде спектакл како за оние во стадионот, така и за гледачите на улица. Се надевам дека кинеските власти ќе дозволат и тие да гледаат.“


Се’ има предности и маани


Она што го загрижува Балдини е загадениот воздух и спарината што на лето може да се очекува. Такви грижи немаат германските спортисти кои настапуваат во затворени борилишта. Пливачката Антје Бушшулте е одушевена:


„... од базенот кој веќе од далеку изгледа прекрасно, сите тие светилки... а внатре изгледа неверојатно, волкава пливачка арена со цели 17.000 гледачи никогаш не сум видела.„


И нејзиниот колега од германската олимписка репрезентација, гимнастичарот Фабијан Хамбихен и се придружува во одушевувањето.

„Мислам дека е ова најголемата сала во која до сега сум настапувал и тоа ќе ми причинува огромно задоволство!“



Поврзана содржина