1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во очекување на решението на Келер

Дали во септември ќе има или не нови избори во Германија? Во земјата со нетрпение се очекува решението на сојзуниот претседател Хорст Келер. Денеска или најдоцна утре напладне тој ќе објави дали го одбива барањето на канцеларот Герхард Шредер и нема да го распушти парламентот, или пак, ќе го прифати и ќе распише нови избори за 18 септември. Токму второво го очекуваат најголемиот број граѓани и скоро сите сој

Хорст Келер треба да реши: Дали се изборите блиску или далеку?

Хорст Келер треба да реши: Дали се изборите блиску или далеку?

�зни пратеници.

Истовремено, меѓутоа, како и да реши, обете варијанти се уставно спорни. Некои веќе најавија, во случај на нови избори, да се жалат пред уставниот суд во Карлсруе.

За пратеникот на зелените Вернер Шулц работата е јасна:

„Она што се случува овде е инсцениран, апсурден настан. Овде се одвива фингирано или како што велат правниците, нечисто прашање за доверба. Веќе првата реченица од вашето барање, господине сојузен канцелар е невистинита. Вие воопшто не сакате да ви се изрази доверба, туку сакате да загубите„.

Ова се случи на 1 јули во германскиот Бундестаг кога канцелрот Шредер го постави прашањето за доверба: тој ги замоли 601 пратеник да не му изразат доверба, барем така формулираше.

Во членот 68 од сојузниот устав е опишана постапката: ако канцеларот не ја добие бараната доверба, тој може кај претседателот да упати барање да го распушти парламентот и да распише нови избори. Канцеларот на тој начин може мнозинството пратеници да го доведе во ситуација да ја следат неговата линија. Но, ако мнозинството се колеба или дури се против, на канцеларот мора да му се даде можност за нови избори. Де факто Шредер во Бундестагот има тесно мнозинство од 304 пратеници од вкупно 601. И покрај тоа тој смета дека е под критика на неговите пратеници кои пред се не ги следат во целост социјалните реформи од агендата 2010. Така и го образложи своето барање за прашањето за доверба:

„Вреднувањето на политичките состојби пред и по решението за настојувањето за нови избори мора да води кон тоа дека јас, под актуелните околности, не можам да сметам на неопходната доверба во смисла на членот 68 од уставот„.

Мнозинството пратеници – 444 од 595 присутни – не му изразија доверба или се воздржаа. Скоро половината беа пратеници од владината коалиција. Сега сојзуниот претседател треба да реши дали ќе го прифати барањето на Шредер да го распушти парламентот и да распише нови избори. Ако го направи тоа, пратеникот Вернер Шулц од зелените веќе најави жалба пред уставниот суд, а ќе тужи и неговата колешка од СПД Јелена Хофман. Нивниот аргумент е дека немаше колебливо мнозинство. Повеќе стануваше збор за тоа дека канцеларот експлицитно побара од своите пратеници свесно да не му изразат доверба за да дојде до нови избори.

Меѓу уставните судии во моментов е спорно дали прашањето за доверба на канцеларот Шредер е во спротивност со сутавот или не. Некои сметаат дека тоа е сосема легитимно, меѓу нив и поранешниот уставен судија Готфрид Маренхолц:

„Шредер не може да се потпре врз тоа дека СПД и зелените со нивните три гласа мнозинство во целост да го следат неговиот курс зашто изборите во Северна Рајна Ветсфалија покажаа дека курсот на Шредер мнозинството граѓани не го сака„.

Како ќе биде сепак, на крајот, значи до утре напладне, решение треба да донесе сојузниот претседател Хорст Келер.