1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во очекување на иранскиот одговор

Дали претстои ново поглавје во атомскиот покер? Сосема можно. Се очекува, Иран денеска да одговори на компромисната понуда на петте сили со право на вето во Советот за безбедност и Германија во врска со атомскиот спор. Тие од Иран ултимативно побараа да ја запре програмата за збогатување на ураниумот:

Главниот ирански преговарач Али Лариџани: како ќе гласи иранскиот одговор?

Главниот ирански преговарач Али Лариџани: како ќе гласи иранскиот одговор?

Уште вчера генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан апелираше до иранската влада да ја прифати понудата и да попушти во атомскиот покер. Шесте држави понудата ја упатија во почетокот на јули. Во неа на Техеран му се нудат економски и политички отстапки. Меѓу другото и помош за изградба на рекатор на лесна вода, како и развој на мирољубиво користење на атомската енергија: редовно снабдување со ураниумско гориво од Русија. За возврат Иран треба да се обврзе да ги запре сите активности за збогатување на ураниумот и во целост да соработува со агенцијата за атомска енергија ИАЕА. Понуда за иднината, како што оценува гермнанскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер:

„Сакам да се надевам дека таму постојат доволно интерес и разум да се спречи ескалација на овој конфликт и заедно со оние што се одговорни за овој предлог да бараме дипломатско решение„.

Меѓутоа, кога иранската влада соопшти дека со одговорот ќе причека до 22 август, трпението кон мулите кај земјите што ја упатија понудата се скрши, па министрите за надворешни работи го зголемија притисокот врз Техеран по средбата на 12 јули во Париз: беше побарано Иран до 31 август да ги запре спорните делови од атомската програма. Во спротивно би можеле да уследат санкции. Но, за тоа ќе биде потребна нова резолуција.

Како ќе реагира владата во Техеран врз понудениот пакет се уште е отворено. Меѓутоа, таа најави дека ќе упати таканаречен мултидимензионален одговор. Со други зборови, понудата нема да биде ниту прифатена ниту одбиена, туку ќе се бараат нови преговори кои, како што нагласува иранскиот претседател Ахмадинеџад, мораат да се одвиваат на рамна нога:

„Прегвоорите мораат да се одвиваат во фер атмосфера, обете страни мораат да бидат рамноправни. Меѓутоа, ако ни се закануваат, тогаш мораат да знаат дека иранскиот народ таква клима решително одбива„.

Вчера духовниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека неговата змеја опстојува на атомската програма. Според него, Иран нема да се придржува кон резолуцијата на Обединетите нации и натаму ќе збогатува ураниум.