1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во ОН и натаму владее неединство за Кавказ

Советот за безбедност на ОН, на барање на Грузија, одржа седница за конфликтот во Кавказ, но поради различните ставови, повторно не беше донесена никаква резолуција.

default

Советот за безбедност не донесе резолуција за Кавказ

Во Советот за безбедност на ОН фронтовите меѓу Русија и западот и натаму се заоструваат. САД, Велика Британија и Грузија и‘ префрлија на Русија дека со признавањето на Абхазија и Јужна Осетија за независни држави, сака да ги промени меѓународно утврдените граници во Кавказ. Рускиот амбасадор во ОН, Витали Чуркин, го отфрли обвинувањето и упати свое кон запад, дека употребува двојни аршини. Како аргумент го изнесе признавањето на Косово и покрај противењето на Србија и ирачката војна од страна на САД.

Чуркин го запраша заменикот американски амбасадор во Њујорк, Алејандро Волф: дали во Ирак го пронајдовте оружјето за масовно уништување или се‘уште го барате?

Нерационални изјави, тврди Вашингтон

Владата во Вашингтон ги отфрли изјавите на рускиот премиер Владимир Путин за поврзаност на кавкаската криза со претседателската изборна кампања во САД. Портпаролот на владата Дана Перино изјавите на Путин ги оцени за погрешни и нерационални. Таа предупреди дека Русија по воената интервенција во Грузија мора да смета со консеквенци, како помал меѓународен углед.

Грузија пак во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена подигна тешки обвиненија против Русија.

Обвинувања за етничко чистење во Јужна Осетија

Грузиската министерка за надворешни работи Ека Текешлашливи ја обвини Москва за етничко чистење во Јужна Осетија, руските трупи постојано следат иста тактика, изјави таа:

„Тие создаваат тампон зона и тоа не само во воен смисол со контролни пунктови, туку зона во која наеднаш ништо не важи. Почнува прогонување на луѓето, уништување на нивните куќи и егзистенија, така што веќе не можат да се вратат. По оваа шема се врши етничко чистење и надвор од конфликтните области, обвини грузиската министерка за надворешни работи, барајќи интервенција од Советот за безбедност на ОН и од ОБСЕ. Рускиот амбасадор во ОБСЕ Анвар Асимов истакна дека Русија нема ништо против испраќање дополнителен број набљудувачи од организацијата во Грузија.






DW.COM