1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во октомври нема време за седење дома...

Наближува саемот на книгата во Франкфурт, на кој доаѓаат автори и издавачи од цел свет. Освен тоа, ќе има јубилеи, фестивали и коцерти, значи, нема време за седење дома...

default

Култ на черепи

 

Ausstellung Schädelkult in Mannheim: Schädel in Kürbisschale

Кога уметникот Дамиен Хирст украси череп со 8601 дијамант, од кои оној на челото од 52 карати и во 2007 година го продаде за 75 милиони евра, многумина со неверување и неодобрување вртеа со главата. Но, тоа можеби само ја покажува фасинацијата на живите од черепот на мртовец. Во Манхајм од 2 октомври до 29 април 2012 година се прикажува изложбата „Култ на черепот во културната историја на човештвото“ во музејот Рајс-Енгхолм. Изложени ќе бидат повеќе од 300 експонати: черепи стари илјадници години, уметнички украсени черепи-трофеи на ловци или черепи како реликвии во религиозни цели.

Германска книжевна награда

Deutscher Buchpreis 2010 Melinda Nadj Abonji Flash-Galerie

За годинешната Германска книжевна награда во конкуренција беа 198 наслови, шест стигнаа во финалето. Германското книжевно признание е дотирано со 25 илјади евра и ќе биде доделено на 10 октомври, во предвечерието на отворањето на Франкфуртскиот саем на книгата.

Исланд е почесен гостин на Франкфуртскиот саем на книгата

 

Flash Galerie Sagenhaftes Island

Исланд асоцира на гејзери, диви коњи, можеби на банкарскиот крах пред три години, во секој случај, тоа е земја со тешко разбирлив јазик за Европејците. Досега малку се знаеше за литературата на оваа мала земја. Но,тоа ќе се промени, Исланд годинава е земја-гостин на саемот на книгата во Франкфурт, од 12 до 16 октомври. Поканети се 40 исландски автори. Во франфуртските музеи освен тоа ќе бидат изложени уметнички дела од Исланд. На Франкфуртскиот саем на книгата инаку ќе учествуваат вкупно 7500 издавачи од 110 земји, се очекува голема посета од публиката.

Мировна награда на германските книжарници

 

Algerien Deutschland Boualem Sansal bekommt Friedenspreis des Deutschen Buchhandels

Традиционална манифестација на Франкфуртскиот саем на книгата е доделувањето на мировната награда на германските книжарници, таа годинава на 16 октомври ќе му биде врачена на алжирскиот автор Буалем Сансал. Со својот избор книжарниците сакаат да дадат „знак до демократските движења во Северна Африка“. Во своите дела Сансал отворено се залага за политички промени.

Ај Веивеи во Њујорк

 

Achtung: Copyright beachten! Ai Weiwei in New York - Fotografien 1983-1993

Апсењето на критичарот на кинескиот режим Ај Веивеи пролетоска предизвика огорчување и бран солидарност. По дваипол месеци затвор, од април до јуни, на непознато место, уметникот ненадејно беше ослободен. Ај Веивеи е еден од најпознатите современи уметници. Период кој остави силен печат врз него беше престојот во Њујорк од 1983 до 1993 година, што тој го документира низ над десет илјади фотографии. Во Мартин Гропиус Бау во Берлин сега можат да се види избор од 220 од овие фотографии.

Десет години Еврејски музеј

 

Jüdisches Museum Berlin, Besucherin im Garten des Exils

Еврејскиот музеј се наоѓа на врвот на листата најпосетувани места од туристите во Берлин. Тој е познат и по импозантната зграда, дело на архитектот Даниел Либескинд. Изложбите на тема еврeјска култура, бегство и прогон, годишно ги посетуваат околу 750 илјади луѓе. На 24 октомври Еврејскиот музеј по повод десетгодишнината од постоењето првпат ќе се презентира себе си. Канцеларката Ангела Меркел тука ќе ја прими наградата за толеранција и разбирање, а ќе биде организирано и литературно читање.

Германски филмски фестивал

 

DOK Leipzig 2011: Impression von der DOK Leipzig 2010

45-от меѓународен Хофер филмски фестивал од 25 до 30 октомври може да се нарече и семејна средба на младиот германски филмски подмладок. Преку црвениот тепих не шетаат холивудски ѕвезди, туку новајлии од германските филмски академии, кои ја претствуваат својата продукција. Фестивалот со повеќе од 70 играни или документарни филмови и околу 40 краткометражни го нуди целиот спектар на филмска продукција. Тој е и место за лежерни средби и разговори на режисерите, продуцентите, актерите и туристите.

Листоманија 2011

 

Liszt-Statuen im Liszt-Haus in Weimar Flash-Galerie

Тој беше чудо од дете, виртуоз на клавир, дирегент, професор, композитор, претставник на т.н. Нова германска школа, иницијатор на првиот Бетовен фестивал, јунак во очите на жените-Франц Лист светот го здогледа на 22 октомври пред 200 години во Унгарија. Трите вајмарски институции со неговото име сега го слават многустраниот музичар и прогласија „Листоманија 2011година“-заеднички концерти организираат државниот оркестар и музичкиот факултет. Но, концерти во спомен на вонсерискиот талент организираат и оркестрите од другите градови како Диселдорф и Минхен.

Автор: Сабине Елце/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска