1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во односите меѓу Грузија и Русија се заканува ново ледено време

Односите меѓу Грузија и Русија повторно се заладуваат: Тбилиси и префрлува на Москва, дека со два борбени авиона го повредила воздушниот простор на Грузија.Москва демантира.

default

Типот на вион од кој што се исфрлаат бомби како таа во Грузија

Владата во Тбилиси зборува за чин на агрсија. Бомбата не детонираше, но ако тоа се случеше, вели портпарол на министерството за внатрешни работи на Грузија ќе беше голема катастрофа. Министерот за надворешни работи го повика рускиот амбасдор и му врачи протестна нота.

Русија ги демантира префрлувањата. Полковникот Александар Дробишевски, заменик Командант на руското воздухопловство„Авионите на руското воздухопловство немаат спроведено никакви летови во наведената област, ниту во понеделникот во текот на денот, вечерта или ноќта ниту во вториник рано наутро. Границите на суверената држава Грузија не се повредени.“

Набљудувачите на ОБСЕ и членовите на комисијата за одржување на мирот во конфликтната зона во моментов го испитуваат местото каде наводно била фрлена бомбата.

Претседателот на одметнатата грузиската република Јужна Осетија, Едуар Кокоити, за агенцијата Интерфакс тврди дека два грузиски авиона го повредиле воздушниот простор на Јужна Осетија и фрлиле две бомби. Ова било провокација која би требало да ја дискредитира Русија. Тој сака да побара од Москва и да ги засили риуските мировни трупи во Јужна Осетија.

Меѓу Тбилиси и Москва постојано доаѓа до затегнување на односите по 2003 година кога во Тбилиси беше сменето од власт раководството верно на Кремљ и Москва и претседател стана прозападно ориентираниот Михаил Сакашвили. Тој се залага за членство во НАТО и поврзување со Европската унија. Спорни точки се републиките Јужна Осетија и Абхазија кои добиваат поддршка од Русија.

Од мината година Русија забрани увоз на минерална вода и вино од Грузија – наводно бидејќи биле штетни по здравјето. Мината есен конфликтот меѓу двете земји ескалираше, кога Грузија протера двајца руски официри како наводни шпиони, по што Русија испрати дома стотици Грузијци. На неговдување на Грузија, нивните сограѓани беа транспортирани во авиони во кои немаше седишта. Оттогаш се прекинати и директните сообраќајни врски. Рускиот амбасадор, кој беше отповикан, сепак се врати во Тбилиси на почетокто на годинава.