1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Во Оберсдорф започна новогодишната турнеја

54-тата новогодишна турнеја на четирите скокалници започна во Оберсдорф со победа на Финецот, Јане Ахонен, пред Норвежанецот, Роар Љокелсој и лидерот во светскиот куп Јакуб Јанда од Чешка.

Турнејата започна со победа на Ахонен

Турнејата започна со победа на Ахонен

Најдобрите германски ски-скокачи Георг Шпет и Михаел Урман ги зазедоа седмото односно деветтото место, додека четирикратниот светски првак Мартин Шмит беше 24-ти. Урман беше разочаран:

„Добро, меѓу десетте први, не сум сосема незадоволен со освоеното место, меѓутоа обата скока не беа баш добри. Во првиот, условите вистина беа многу лоши. Во вториот пробав малку на сила, но така не оди.

Георг Шпет кој беше седми, за победникот Јане Ахонен изјави:

„За нас одамна тоа не е некоја голема тема. Тој е константна личност, посебно во последниве години. Беше јасно дека дури иако вчера не беше толку добар, скоро не си дозволува слабости. Па, дури и тогаш е сосема при врвот. Затоа неговата победа не беше изненадување„.