1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во „Нико Нестор“ и натаму нема настава

Училниците во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга и денеска останаа празни. Во текот на денот ќе се одржат повеќе средби на кои ќе се направи обид да се најде решение за проблемот.

default

Училиштето „Нико Нестор“

Во струшкото училиште „Нико Нестор“ образовниот процес се’ уште се бојкотира. Денеска се очекува да дојде до повеќе средби за да се изнајде решение за натамошниот тек на наставата. На средбите според неофицијалните најави треба да присуствуваат и министерите за образование и полиција, Перо Стојановски и Гордана Јанкуловска.

Бојкотот на наставата во средното училиште „Нико Нестор“од Струга, предизвикан од одлуката учениците наместо како досега во мешани јазични смени да учат одделно, беше причина вчера попладнето Советот на општина Струга да одржи вонредна седница. По четири часа дискусии меѓу советниците Македоници и советниците Албанци, Советот, донесол заклучок да се преиспита законитоста на одлуката за воведување на јазични смени во средното училиште „Нико Нестор“. Советот побарал доколку се утврди прекршување на законот, градоначалникот на Струга согласно овластувањата да го преиспита работењето на раководството на училиштето. Советот исто така му сугерира на Училишниот одбор да отвори расправа за случувањата во средното училиште „Нико Нестор“, а до донесување нова одлука, наставата во училиштето да се одвива по старо, односно во заеднички смени.

DW.COM