1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во најсиромашните држави живеат 740 милиони луѓе

Во стручниот жаргон на Обединетите нации, најсиромашните земји на светот се означуваат како ЛДЦ што е кратенка за least developed countries, односно најмалку развиени држави. Во таа група се наоѓаат 50 земји и кој еднаш ќе ја добие таа етикета тешко се ослободува од неа, зашто излегувањето од спиралата на сиромаштијата е компликувана состојба. Тоа постојано го повтроуваат експертите на Конференцијата на Обединетите н

Како да им се помогне на овие деца?

Како да им се помогне на овие деца?

�ции за трговија и развој – УНКТАД.

Секои две години посебно под лупа ги стваат овие држави, нивните проблеми и шанси. Деновиве во Берлин беше преставен најновиот резултат:

Економската структура и брутонациналниот доход, смртноста кај децата, здравството, исхраната и образованието се некои од критериумите со кои Обединетиет нации ги дефинираат најсиромашните земји во светот. Улога игра и нивната стабилност. Во особено сиромашите земји во моментов живеат околу 740 милиони луѓе.

Кој се се наоѓа на оваа листа?

Мали, Еритреја и Либерија, подеднакво како и Хаити, Бангладеш или Непал. Листата е се подолга:

„Во моментов има 50 држави што се сметаат за најмалку развиени. Повеќето од нив се наоѓаат во Африка јужно од Сахара, скоро сите други се во азискиот или пацифичкиот регион„, објаснува Михаел Херман еден од авторите на студијата на Обединетите нации.

Кои се причините за екстремната сиромаштија?

Многустрани и многу компликувани. Според УНКТАД меѓутоа, има еден главен проблем врз чија основа можат да се идентификуваат скоро сите такви држави: едноставно не се успева да се создадат дополнителни работни места надвор од земјоделството. И тоа и покрај фактот што аграрот опаѓа и се повеќе луѓе до земјоделските региони заминуваат во градовите:

„Поради слабите структурни промени во индустриските и услужните дејности, овие луѓе одвај можат да најдат работа на која се надеваат. Повеќето од нив би работеле во неформални подрачја со ниска продуктивност, ниски плати, без социјални стандарди. Тие не можат да работат во редовни фирми во продуктивниот сектор. Многу поверојатно ќе чистат чевли по улиците, отколку да работат во некоја текстилна фирма„.

А, бидејќи работа во индустрскиот и услужниот сектор нема, државите не собираат даноци. Во најсиромашните држави во светот годишно по глава има 28 долари инвестиции, вели Михаел Херман:

„Ако една влада може да издвои само 28 долари, со нив мора да финансира образование, здравство, инфраструктура. И да ги реформира институциите. Тие пари не само што не се доволни, туку се премалку„.

Како може да се ублажи сиромаштијата?

Експертите на Обединетите нации во извештајот предлагаат меѓународните финансиски донации да се инвестираат во повеќе производство и вработување. Економскиот пораст во најмалку развиените земји е најдобриот рецепт во битката против сиромаштијата:

„Повикот за економски развој сам за себе не е револуционерен. Меѓутоа, во контекстот на сегашната развојна политика, значи скоро промена на парадигмата. Зашто сега развојната политика главно се занимава со социјалниот развој. Фокусот силно е насочен кон развојот на здравството или образованието„.

Според Херман, тоа се погрешно вложени пари. Средствата за развојна помош во последниве години скоро се удвоија, но инвестициите во производството и инфраструктурата се намалија. Во посебно сиромашните држави треба да се вложат повеќе пари во инфраструктурата, на пример во изградбата на патишта и снабдувањето со струја. Само така ќе се обезбедат работни места и ќе се зголеми побарувачката, зашто треба да се засили трговијата. Освен тоа важно е да се изградат функционални институции, како универзитети и банки. Ваквата ориентација патем е слична на онаа од 80-сеттите години, вели Херман. Значи, не треба да се повторуваат грешките од минатото, туку да се воспостави баланс меѓу социјалниот и продуктивниот сектор.

Што ќе се случи ако листата на најмалку развиените држави се зголемува, а сиромаштијата станува се подраматична?

„Ќе се појави нова должничка криза, ако овие змеји економски не растат. Ќе имаме нова криза на вработување, поголема меѓународна миграција од овие земји во нашите. Тоа ќе се случи ако не направиме ништо за стопанскиот растеж на овие земји, а тоа не е добро„.

До толку повеќе од интерес на богатите е да им помогнат на најсиромашните земји во светот и да не дозволат нивната листа натаму да се шири.