1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во најновиот извештај за човекови права критики и за САД

Најлоша е ситуацијата во Дарфур, најдобра во Европа – ова се констатира во најновиот извештај на американскиот Стејт Департмент за состојбата со човековите права во изминатата година. Во Македонија има подобрување, но констатирани се и проблеми.

Кондолиза Рајс

Кондолиза Рајс

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс настапи исклучително воздржано кога го презентираше најновиот извештај за состојбата со човековите права во светот. Повеќе од било кога до сега САД во извештајот има критики не само за другите, туку и за себе:

„Ние не ги издаваме овие извештаи бидејќи сметаме дека сме совршени, напротив, бидејќи знаеме дека не сме. Но, водени сме од идеалите за основните човекови права и демократија кон кои мора да тежнеат сите влади во светот, а и ние овде во Америка,“ рече Рајс.

Во меѓувреме јавно е познато дека и САД има случаи на кршење на човековите права. Америка ќе ги земе предвид сите критики и сомнежи упатени на нејзина сметка, стои во извештајот, и Америка се чуствува, цитат „ обврзана да работи на подобрување на ситуацијата“.

Како тоа треба да изгледа, очигледно останува тајна на Рајс. Американскиот озлогласен затвор Гвантанамо на Куба во извештајот не е споменат. За разлика од тоа особено нагласени се информациите за повредите на човековите права од страна на Американците во Ирак и Авганистан.

Инаку најмногу критики во извештајот има за Северна Кореја, Иран, Куба, Русија и Кина. Најлоша е ситуацијата во Дарфур. Најдобра е во „стариот свет“ оценува американскиот експерт за човекови права Бери Ловенкон:

„Трендовите во Европа се екстремно позитивни. На пример не трошете воопшто време да го читате делот за состојбата во Германија“.

Во тој дел стои дека германската влада генерално ги почитува правата на граѓаните, иако во изминатата година имало случаи на прекумерна употреба на сила од страна на полицијата, религиозните малцинства се дискриминирани, а забележани се и напади врз баратели на азил и странци. Проблем во Германија е и насилството кон жените и трговијата со луѓе.

Во Македонија пак во 2006 е констатирано подобрување во почитувањето на човековите права, вклучувајќи ја и подобрената внатрешна контрола во полицијата и професионализацијата на безбедносните сили. Намалена е и меѓуетничката дискриминација. Во документот се истакнува дека владата генерално ги почитува човековите права на граѓаните, но има проблеми во одредени области. Проблем се уште претставува „полициското малтретирање на припадниците на етничките малцинства, особено на ромската заедница.“

„Корупцијата и политичкиот притисок вро министерствата за правда и внатрешни работи, судовите и канцеларијата на јавниот обвинител ја попречуваат истрагата во некои случаи на нарушување на човековите права и обвинетите не се изведени пред суд“, се констатира во извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата на човековите права во светот.