1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Монголија владее напнат мир

По насилните демонстрации во кои животот го загубија пет, а беа повредени уште 300 лица, Претседателот на државата прогласи вонредна состојба во наредните четири дена.

default

Насилните демонстрации беа шок за јавноста во Монголија, каде народот се смета за многу мирољубив

Земјата се наоѓа во состојба меѓу агонија и вознемиреност. Надворешниот мир по интервенцијата на полицијата при тоа може само да залажува, оценува германскиот пратеник Манфред Грунд, кој како набљудувач присуствуваше на неделните парламентарни избори во земјата, што опозицијата ги оцени како изманипулирани.


Експертот за Монголија Ренате Борман, пак, која веќе осум години живее во Улан Батор, има поинаква оцена на состојбата:


„Овде е принципиелно мирно, медиумите по правило претеруваат. Животот си тече сосема нормално. Единствена промена е тоа што минувачите мораат од време на време да ги покажат личните исправи и што на вечер од 22 часот, па до изутрина во 8 никој не смее да се движи во центарот на главниот град. Армијата патролира, но е смирена.“



Нередите беа подготвени


Што се однесува до нередите по обвинувањата на опозицијата за изборна измама, таа смета дека тие биле испланирани:


„Лично го видов тоа, стоев кај зданието на владата и ги гледав лицата на луѓето кои беа исполнети со омраза и подготвени на насилство. На многумина од нив не им беше битна демократијата или изборната измама, туку беа насочени кон предизвикување нереди. Како што слушнав од повеќе извори, тие дури биле платени од политичките сили кои се надевале дека ќе влезат во парламентот.“


Спор околу природните ресурси


Партијата на опозицијата и нејзините поддржувачи всушност се плашат дека владеачката партија на пост-комунистите ќе ги донесе најавените закони за отворање на природните богатства за експлоатација на странски фирми. Опозицијата тврди дека со тоа ќе дојде до распродажба на националните ресурси, меѓу спаѓаат значителни наоѓалишта на злато, уран и бакар.


Големо социјално незадоволство


Освен тоа во Монголија владее и зголемено социјално незадоволство поради растечкото осиромашување на широски слоеви од населението. Дури една третина живее на егзистенцијален минимум:


„Монголците се незадоволни, животот не им се подобри, за многумина дури се влоши. Народот не е задоволен и од работата на парламентот. Политичарите се богатат, намесро да се грижќат за проблемите на земјата. Таквото латентно незадоволство не беше тешко да се доведе до ескалација“ – оценува Ренате Борман.