1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

“Во многу земји вистината е смртоносна”

Новинарството и натаму останува една од најризичните професии. Ова на денот на слободата на печатот го потврди уште еднаш презентираната црна статистика. Од 2000 - тата до сега во 10 земји се убиени 255 новинари и уште 350 животот го загубиле вршејќи ја својата професија во останатиот дел од светот. 2007- та, пак, стартуваше уште полошо: убиени се 24, в затвор се наоѓаат 125 новинари. На мрачната реалност во Берлин потсе

Симболичен апел за заштита на новинарите и право на слободата на печатот е упатен од германската престолнина

Симболичен апел за заштита на новинарите и право на слободата на печатот е упатен од германската престолнина

�ија “Репортерите без граници” со манифестација која беше надвор од шаблоните.

Пред руската амбасада на чекор до Бранденбуршката порта претпладнево имаше траорен собир. Оттаму тргна поворката со 10 мртвечки сандаци, покриени со знамињата на исто толку земји и со по некое цвеке, кои ги носеа млади жени и мажи во црни костуми, со шамии и шапки. На чело на колоната транспарентот: “ Во многу земји вистината е смртоносна”. На опашката - фотографијата на новинарката Ана Политковскаја. Во колоната - новинари, студенти и активисти на “Репортерите без граници” кои носејќи ги ковчезите се упатија пред Бундестагот.

“Во овие сандаци симболично се наоѓаат новинарите кои ги дале своите животи додека информирале. Сандаците се потсетување на 10 те земји во кои изминативе години загинале најмногуи новинари: Ирак, Филипини, Русија, Колумбија, Мексико, Авганистан, Бангладеж, Шри Ланјка, Бразил.. ” - вели Катрин Еверс одговорна за организацијата од “Репортерите без граници”.

Поддршка на собирот дадоа многумина, активисти, новинари, студенти, намерници кои добиваа флаери и информации за слободата на печатот во светот и нејзините жртви.

“Верувам дека слободата на печатот е најголемо добро зашто без неа нема демократија” - за значењето на денешниот ден кажува Барбара Петерсен.

“Ова е едноставно заложба за слободата на печатот и за заштита на новинарите! Да можат слободно и безбедно да информаираат .” смета и новинарката Поли Шминке.

Во поворката спонтано се приклучи студентот Себастијан Кун. Според него во Германија слободата на печатот е подобра од другите земји. Тука во фокусот е Русија каде во последно време се случија многу неразјаснети убиства на новинари. Манифестацијата според него во најмала рака е само сигнал за значењето на слободата на печатот и Берлин е вистинското место од каде се испраќа.

Во траорната колона фотографијата на Ана Политковскаја ја носеше нејзиниот пријател Екерхарт Маас, престедател на Германско-Кавкаското здружение. Тој потсети дека Политковскаја беше само една од 200 те новинари кои беа убиени во Русија. Мајнат Абдулајева, новинарка од Чеченија која две години живее е во Берлин само кусо надополни дека многу новинари во Чеченија беа затворени, убиени, прогонети.. Сега состојбата е уште полоша, зашто официјално се е минато и владее мир.Во суштина, ниту еден новинар не може повеќе нормално да работи , да истражува за исчезнатите, за загинатите, за жртвите..

“Бараме владите од светот подобро да се заложат за заштитата на новинарите. Тие да не се третираат како цели за отстрел, туку како цивилни лица. Да се гарантира нивниот физички интегритет. Бараме од германската влада во своите билатерални односи да не се фокусира само на економијата, туку да се залага и за човековите права посебно во Русија и Кина” - истакна на крајот на траорниот собир пред Бундестагот Михаел Редиске од "Репортери без граници”.