1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во Минхен потече пивото!

Со два удари чепот за точење пиво беше забиен во првото буре, денеска (19.09.2009) започна Октоберфест. Најголемиот фестивал од ваков вид во светот, традиционално го отвора градоначалникот на Минхен.

default

Кристијан Уде, градскиот татко на Минхен, е добро извежбан, па успева со само два удари да го забие чепот во бурето, што инаку на некои негови претходници не им успеваше ниту по десетина и повеќе попусти обиди.

176. Октоберфест трае 16 дена - до 4 октомври, а се очекуваат околу 6 милиони посетители од цел свет. Во 14-те шатори има околу 100 илјади места за седење, а литар пиво чини, во просек, 8,50 евра. За некого е тоа прескапо, но...

„Гостилничарите имаат големи трошоци, нудат одлична музика, прекрасни забави. И ако е малку поскапо, ако пивото е за три проценти поскапо отколку лани, не треба многу да се возбудувате. На Октоберфест треба едноставно да се присуствува. Дискусиите се секогаш дел од тоа“, вели еден од гостилничарите, Тони Ројдерер.

176. Oktoberfest - Eröffnung

Минхенскиот градоначалник го означи почетокот

Гостилничарите не се плашат од кризата

Дел од Октоберфест се и вонредни смени за работа, зашто најголемиот фестивал на пивото не трпи мирување. Гостилничарите сметаат со обрт од 300 милиони евра. А, што се однесува до кризата, не се плашат:

„Досега не стравувам многу од кризата, зашто сите знаци укажуваат на тоа дека овој Октоберфест ќе биде успешен“, нагласува шефицата на Октоберфетс, Габриеле Вајсхојпл.

176. Münchner Oktoberfest vor dem Start

Почетоците на Октоберфест се поврзани со прославата на една свадба во далечната 1810 година. На 12 октомври, таа година, се женел тогашниот баварски престолонаследник Лудвиг со принцезата Тереза од Заксен Хилдбургхаузен. Венчавката се случила четири години откако Баварија го доби статусот на кралство и кралското семејство имало голем интерес да го претвори бракот во симбол на моќ и престиж. Затоа, во центарот на Минхен се славело 4 дена, а на петтиот се одржала коњичка трка.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв/дпа/ап