1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Меѓународниот кривичен суд сослушување за израелскиот заштитен sид

Денеска во Ден Хаг, пред Меѓународниот кривичен суд. почна сослушувањето за израелскиот спорен заштитен sид. Судот на ОН треба прво да донесе решение дали е надлежен за вакво едно прашање. Генералното собрание на ОН, во декември, го повика судот да ја утврди правната основаност на контроверзниот sид.

Централната надеж гласи - Меѓународниот кривичен суд ќе им даде за право на Палестинците и Израел веќе нема да може да им се спротивставува на меѓународните резолуции и меѓународното право. Палестинскиот амбасадор во ОН, Насер Ел Кидва, претпладнево во холандскиот главен град, го отвори проблемот со спорниот израелски sид.

Тој го оспори израелското тврдење дека се работи за привремена ограда за заштита од терористички напади. Тоа едноставно не е вистина, зашто ако Израел сака само да се заштити од самоубиствени напади, тогаш може тој sид да го изгради на сопствена почва и тоа не во висина од осум, туку од осумдесет метри.

"Овој sид, доколку се комплетира, ќе го остави палестинскиот народ со само половина од Западниот брег, во кој ќе биде изолиран. Тоа ќе го направи решението за две држави во израелско-палестинскиот конфликт, практично невозможно."

Ѕидот минува во најголем дел на палестинско тло и би требало да го прејудицира минувањето на идната граница, доколку се постигне мировен договор. Конечно, исто така е погрешно, самоубиствените напади да се претставуваат како терор кој се сам се продуцирал. Тие се реакција на речиси 37 годишната окупација и потиснување.

Пред 37 години, Израел во шестдневна војна ги освои Западниот брег и појасот Газа. Но, дури сега, на барање на ОН, судот во Хаг е повикан да даде мислење за тоа колку израелското однесување на овие територии го крши меѓународното право. Тоа, залепено на прашањето на над 700 километри долгиот безбедносен објект, кој Израел сака да го провлече низ Западниот брег, дел во вид на ограда, дел во вид на sид.

Палестинските и меѓуанродните експерти се согласни дека Западниор брег и појасот Газа се окупринаи територии, според дефинициите на постоечките закони и конвенции, и според меѓународното поимање на работите. Затоа, според нив, е неспорно дека окупаторската сила нема право да врши промени на окупирани подрачја, како што е градење еврејски населби или протерување на староседелците. Сега постоечкиот безбедносен sид би требало да штити населби, кои се илегални.

Израел,пак, веќе со години опстојува на ставот дека постоечкото меѓународно право не може да се приемни на овој случај, зашто териториите за кои станува збор не припаѓале на суверена држава и затоа не можат да важат како окупирани. Затоа, Израел не го признава правото на судот во Хаг да се занимава со проблемот.

Наместо тоа, пред зградата на судот во Хаг демонстрираа еврејски и израелски групи. Тие велат - против тероризам и за безбедност. И, Палестинци и нивни симпатитери, кои демонстрираат против sидот и за права на Палестинците. 15-те судии во Хаг сега ќе мора да направат исклучителен напор за задржување на неутралноста.Но, што и да биде решено, тоа не е обврзувачки. Сепак, ќе има прилилчно влијание врз натамошниот третман на иднината на израелско-палестинскиот конфликт и израелската окупација.