1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во мај намалена невработеноста во Германија

Бројот на невработените во Германија во мај во споредба со април годинава се намали за околу 150.000. Како што соопшти сојузната агенција за труд, бројот на невработени е речиси 4 милиони 293.000.

Франк - Јирген Вајзе

Франк - Јирген Вајзе

Квотата на невработеност во мај во однос на претходниот месец е намалена за 0,4 насто и изнесува 10,3 проценти невработени лица. Доколку овој број се исчисти од сезонските вработувања се забележува пораст на невработеноста за 9.000 лица. И покрај слабото економско опоравување, сојузната агенција за труд смета дека бројот на невработните во Германија годинава ќе се намали и ќе изнесува околу 4 милиони. Претсетдателот на управата на сојузната агенција за труд Франк Јирген Вајзе истакна :

“Конјунктурата малку оживеа, но нема силно влијание врз растот и со тоа на работниот пазар сеуште не се отсликуваат позитивни импулси.“

Членот на управата на агенцијата за труд, Хајнрих Алт во Нирнберг истакна дека за вториот и третиот квартал потребен е значително поголем раст на економијата и додаде дека постои надеж за промена на трендот на есен :

“Се разбира дека постои надеж и оптимизам, дека до есента ќе има значително подобрување на состојбата од моментов.”

Од јануари до март годинава, германската економија се подобри за 0,4 проценти во однос на претходниот квартал.