1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во МАНУ вознемирени од политичката криза

Политичката криза може да предизвика пошироки негативни општествени импликации, оцени претседателот на МАНУ, Владо Камбовски.

default

Политичката криза од почетокот на годинава што се заканува да предизвика и пошироки негативни општествени импликации, особено од аспект на евроатлантските интеграции, предизвикува оправдана вознемиреност во однос на очекувањата за остварливост на програмираните задачи, рече претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Владо Камбовски во експозето на тема „МАНУ во 2012 и 2013“ во рамки на 46. Годишно собрание на оваа институција.

Поради тоа, посочи тој, претседателството на МАНУ на седница од 8 февруари апелираше за побрзо надминување на политичката криза со итно почнување дијалог меѓу одговорните политички субјекти, заснован врз уважување на интересите на државата и начелата на владеење на правото.

Во врска со програма за работа на МАНУ во 2013 година, рече дека новата едногодишна активност ја програмираат во услови на постоење на минимални, но сепак охрабрувачки знаци за подобрување на положбата на науката и културата и, во тие рамки, на претпоставките за остварување на основните дејности на Академијата.

„Таква перспектива отвораат: Националната стратегијата за развој на културата за периодот 2012-2017 година, усвоена во Собранието и Националната програма за развој на научноистражувачката дејност 2013-2017 година која се наоѓа во владина процедура. Усвојувањето на овие документи, кореспондира со барањето на Европската комисија, содржано во извештајот за напредокот на Македонија. Меѓу приоритетите годинава влегува и меѓународната научна и културна соработка, истакна Камбовски.