Во Мали убиени двајца мировници на ОН | Свет | DW | 14.12.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Мали убиени двајца мировници на ОН

Во самоубиствен напад во североисточниот дел на Мали денеска (14.12.2013) се убиени најмалку двајца војници на ОН, а повеќе припадници на сините шлемови и на сомалиската војска се ранети.

Атентаторот се разнесе себе си во автомобил паркиран пред банка во градот Кидал, соопшти портпарол на мировните трупи на ОН во Мали, МИНУСМА. Сините шлемови ја чувале банката, пред која експлодирал автомобилот. Кидал претставува упориште на бунтовниците. Утре во оваа кризна западноафриканска држава треба да биде одржан вториот круг од парламентарните избори. Пред две недели во самоубиствен напад врз база на меѓународните трупи во Мали загина само самиот напаѓач.

Франција во јануари воено интервенираше во Мали, за да го запре напредувањето на исламистичките бунтовници. Заедно со војниците од другите африкански држави, француската армија ги истисна бунтовниците од поголемите градови во северниот дел од државата, кој тие дотогаш го контролираа. Но, безбедносната ситација во Мали и натаму е нестабилна, зашто исламистите постојано вршат напади и киднапирања.