1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во македонските продавници - опасна облека и обувки од увоз

Македонија ги има имплементирано европските директиви за безбедност на производи, контролите од инспекторит се засилени, но потрошувачите се’ уште ги демнат опасни по здравјето облека и обувки од Кина, Индија и Виетнам.

Државниот пазарен инспекторат лани само неколку пати вршел тестирање на облека и обувки од Кина, Индија и Виетнам. При тоа од промет повлекол три типа производи и им забранил на трговците да ги продаваат поради тоа што утврдиле дека се небезбедни за здравјето на потрошувачите. Инспекцијата донела и 28 решенија за несообразност, што значи дека квалитетот не одговарал на она што било наведено во декларацијата на производот.

Неисправните производи се уништуваат

Во Македонија во целост е воведена Европската директива која се однесува на безбедност на производите - во Законот за безбедност на производите, Законот за надзор на пазаротот, како и многуте правилници кои се однесуваат на различни типови производи. Според Законот за безбедност на производите, секој производ може да биде небезбеден и ако постои таков сомнеж се врши негово испитување - дали е изработен според соодветен стандард.

„Доколку за одреден производ се утврди дека не е безбеден, врз основа на анализите што се прават, врз основа на потребната документација, во тој случај се превземаат мерки за забрана на пуштање во промет и потоа следи негово уништување‘‘, потенцира за Дојче веле Елизабета Чингаровска, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Bildergalerie Rapex Gefährliche Produkte Textilien

Опасност претставуваат облеките и обувките од Кина, Индија и Виетнам

Чингаровска информира дека за овие производи контрола може да се изврши одделно, според надлежностите на секој орган за надзор на пазарот. Таа потенцира дека и хемиската контрола е многу важна и притоа Државниот санитарен инспекторат го испитува составот на даден производ, односно дали содржи некои хемиски состојки кои се штетни по здравјето на луѓето.

За разлика од порано, сега царинските контроли се многу позасилени. Царината на увоз на храна е многу ризгорозна последниве години, велат од оваа институција. Контролите на облека и обувки Државниот пазарен инспекторат освен во продавниците, според барање на царината и своја проценка, сега се’ почесто ги врши и на самата граница при увоз, нагласува Чингаровска.

„Согласно законот за надзор на пазарот тоа во пракса значи дека при увоз на стока, за која треба да има и одреден документ за квалитет, ако цариникот се посомнева дека стоката е небезбедна, тогаш го известува органот за безбедност на пазарот. Тоа во најголем број случаи е Државниот пазарен инспекторат, меѓутоа и Санитарниот инспекторат и Агенцијата за храна. Доколку надлежниот инспекторат во рок од три дена на излезе на терен и не изврши контрола, таквата стока не може да се чува и се пушта во слободен промет. Но, таквите пропусти од страна на инспекторите се минимални, бидејќи ние во најголем број случаи излегуваме на терен и вршиме проверка на сомнителната стока уште на царина‘‘, нагласува Чингаровска.

Апели од докторите до инспекциите за построги контроли на облеката и обувките

Bildergalerie Rapex Gefährliche Produkte

Опасната облека предизвикува алергиски реакции

Некои од потрошувачите кои сакаат да останат анонимни посочуваат дека имаа лоши искуства со ваква облека, која им предизвикала чешање, несвестица и краткотрајна парализа. Оваа облека може да ја препознаете по остриот и киселкаст мирис поради присуството на мошне опасниот по здравјето формалдехид.

Со цел да го заштитат здравјето на потрошувачите, медицинските стручњаци ги предупредуваат да внимаваат што и од каде купуваат.

„Веќе се евидентирани проблеми кај луѓето од алергиски реакции на овие производи, како резултат на една постојана изложеност на едни исти материи, коишто се стават во содржината на самите производи. Сметам дека недоволно се прави контрола на квалитетот и содржината на овие производи‘‘, потенцира д-р Ненад Коциќ.

Лекарите апелираат за поригорозни контроли од страна на надлежните инспекции и служби, а посебно за хемиски и други аналази на составот на облеката и обувките, кои се пласираат во македонските продавници.