1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Македонија ќе се реализира проектот „Моето семејство‘‘

Министерството за труд и социјална политика ќе реализира проект за поддршка на семејствата во ризик, да не ги носат своите деца во дом. Се’ поголем број на социјално ранливи семејства, своите деца ги оставаат во дом.

default

Се’ поголемата социо-економска криза во Македонија негативно се одразува на многу семејства. Според податоците на Министерството за труд и социјална политика се повеќе самохрани мајки и еднородителски семејства во ризик, одлучуваат своите деца наместо во своите семејства, трајно да им ги препуштат на грижа на државата.

За вакви загрижувачки состојби говорат податоците на ова Министерство, според кое во Домот за доенчиња во Битола, лани биле згрижени 78 деца, а кои со затекнатите од претходната 2010 биле згрижени 193 деца. Крајно алармантен е податокот дека најголем дел, дури 80% од децата биле трајно напуштени, а 20 % привремено од нивните родители.

Во Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври‘‘ во Скопје во 2010 година биле сместени 59 деца, во 2011 60 деца, а годинава се сместени 55 деца. Најголем процент од овие деца се деца без родителска грижа кои прво привремено, а потоа и трајно биле оставени во овој дом од страна на нивните родители, потенцира за Дојче веле, Давор Политов, портпарол на Министерството за труд и социјална политика.

„Моето семејство‘‘ е насловот на проектот кој министерството и Заводот за социјални дејности ќе го реализираа преку обука најпрво на своите стручни кадри.Тие потоа ќе им даваат поддршка и стручна помош на самохраните мајки и еднородителските семејства во ризик, да не се откажат од своите деца, информира Политов и потенцира „Токму затоа одлучивме да се погрижиме за овие родители да им дадеме подршка, се со цел да ги задржат своите деца дома во своето семејство каде што впрочем им е местото. Затоа што ниту еден дом, ниту една институција не може да биде замена за семејството што всушност претставува крајна цел на проектот моето семејство‘‘.

Во последниве години државата со повеќе бенифиции за овие млади над 18 години

Kind im Roma-Slum Shutka

За разлика од порано, државата во последниве неколку години конечно воведе повеќе бенифиции за децата беа родители и родителска грижа, а кои по наполнување на 18 тата година и стекнување на полнолетство, мораат да го напуштат домот. Со најновите мерки на владата овие младинци сега имаат право на еднократна парична помош од 180 000 денари, информира Политов и појаснува „ Овие млади остваруваат право и на месечна парична помош од 4 000 денари,односно 5 600 денари ако се школуваат. За социјално домување, државата им дава и месечен додаток за закупнина на стан кој за едно лице е 4 000 денари, плус 1 500 денари за тековни трошоци на станот. Воедно можат да добијат и средства за санација на сопствен недвижен имот. Доколку се редовни студенти, од државата добиваат и средства за сместување во студентски дом. Како новина, од 15 септември минатата година успешните студенти на државните универзитети во земјава и оние кои подготвуваат магистерски и докторски студии, добиваат по 9 000 денари месечно ако користат и стан под закуп, односно по 18 000 денари месечно, ако не се корисници на стан под закуп‘‘, појаснува Политов.

Овие деца се, се повеќе вклучени и во мерките за вработување на владата, велат од Министерството. Исто така вклучени се и приватни компании, а меѓу кои најдобар пример е компанијата „Тинекс‘‘, велат од министерството. Од „Тинекс‘‘ во своите маркети, континуирано вработуваат токму од оваа категорија на млади, оставени без родители и родителска грижа.