1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Македонија се‘ уште постои крвна одмазда

Иако експертите се поделени, повеќето заклучуваат дека крвна одмазда во Македонија има, особено ако семејствата на жртвите сметаат дека институциите не спровеле казна на сторителите.

default

Последниот случај на полицаецот од Гостивар кој поради закани застрела двајца свои сограѓани од албанска националност ја разбранува македонската јавност. По инцидентот и заканите по неговото семејство за одмазда од страна на семејствата на убиените, во јавноста се актуелизира прашањето, дали ја има крвната одмазда во Македонија?

Политикологот проф д-р Билјана Ванковска од скопскиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј‘‘ за ДВ потенцира:

„Гостиварскиот инцидент предизвика многу тензии и предизвици за македонската држава. Повторно се покажа дека едно криминално прашање од областа на безбедноста веднаш се трансформира во меѓуетничко, затоа што и дел од медиумите и институциите веќе зборуваат во контекст на националната припадност на сторителот и жртвите, како да е таа најважната работа во целиот инцидент. Во овој случај не би требало да има проблеми, бидејќи сторителот веднаш се предаде на властите, се наоѓа во притвор и се очекува судење. Она што загрижува се две работи. Прво е јавната реакција, улични протести и барање на правда со притисок врз правосудните и истражните органи, сторителот најстрого да се казни, наместо судовите да судат смирено и врз основа на факти“.

Old-Town von Skopje Flash-Galerie

Другата загрижувачка работа, смета проф Ванковска, е „прашањето за безбедноста на семејството на полицаецот, иако тоа моментално е засолнато. Грижите произлегуваат од фактот дека пред неколку години во скопски Чаир се случи сличен инцидент во кој сторителот беше Македонец, а жртвите од друга етничка заедница. Иако целиот случај се процесуираше, по неколку години настана ликвидација, при што настрадаа и невини луѓе‘‘. Тоа значи дека елементи на крвна одмазда во Македонија има, смета професор Ванковска.

„Особено ако семејствата на жртвите сметаат дека сторителите не се доволно казнети и дека казната ним им припаѓа. Во Македонија за жал има остатоци од една застарена политичка правна култура која се заснова на кодексот на старите времиња. Меѓутоа, одговорноста на државата е да обезбеди правично судење,сатисфакција за жртвите и го заштити невиното семејство на сторителот‘‘.

Причината е во незадоволството од правдата

Професорот по казнено право Гордан Калајџиев смета дека во Македонија има многу малку случаи на крвна одмазда. Според него, „тоа доаѓа во ситуации кога луѓето се незадоволни од несоодветната правда од страна на државата‘‘.

Во Македонија, потенцира професор Калајџиев, „има практика на несоодветно истражување на инциденти, а со некаква солидарност и истраги кон полицијата кога таа ги прекршила човековите права, а особено ако е обоена политички или етнички. Затоа дел од граѓаните искажуваат недоверба во професионален пристап на полицијата во однос на истрагата на настанот и казна на сторителот. И тоа генерално незадоволство од полицијата, од тоа заштитнички да се однесува кон своите припадници, раѓа сомневања кај дел од граѓаните, дека правото не владее и дека таа не е сервис на граѓаните, туку ги крши нивните човекови права. Овој проблем во Македонија е сериозен и мора да му се пристапи сериозно‘‘, смета проф Калајџиев.

Статистиката покажува дека има крвна одмазда во Македонија

Статистиката покажува дека последниве десет години во Македонија има случаи на крвна одмазда. Во 2006-та година беше убиен Бранко Ивановски, кој го застрела Џелил Сулејмани во Чаир по банална расправија за паркинг место. Истата година беа убиени и три деца во Чаир во престрелка на две банди кои меѓу себе се пресметувале поради крвна освета. Да потсетиме на 22 јули 2010-та, 45-годишниот Шпетим Илјази од Калишта се обидел во центарот на Струга да го убие со пиштол 60-годишниот Џ.П. од Радолишта. Пукањето следело по расправија, а мотивот бил крвна одмазда.

Überfall Pistole Zielen

Судовите мора да ги казнуваат сторителите

Селами Алиу од Кумановско е претседател на Движењето за национално помирување за крвна одмазда, формирано во 1990-та година и во кое членуваат помирувачи, кои освен во Македонија делуваат и во Косово и Албанија. Досега во земјава имаат разрешено 1700 случаи од кои 600 се однесуваат на крвната одмазда. Алиу потенцира дека нивната работа е многу тешка, напорна и ризична и дека за нив најголемата сатисфакција е кога трајно ќе ги помират со генерации крвно скараните семејства.

„Затоа од надлежните институции во Македонија бараме максимално да го спроведува законот, а судот правично да суди и ги казни сторителите, за да не дојде до крвни убиства. Судовите мораат правилно да функционираат за да се сопре незадоволството и одмаздата на семејствата на жртвите“ ,апелира до надлежните Алиу.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Ж. Ацеска