1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во Македонија се создава нов монопол во мобилната телефонија

Двата доминантни учесници на пазарот се спојуваат во една компанија. Дојче Телеком го купува грчки ОТЕ, што во македонски услови значи дека T-Mobile и Космофон добиваат ист сопственик.

default

Корисниците се најмногу заинтересирани за конкуренција

Единствен конкурент, во таков случај, ќе им биде третиот оператор – ВИП. Главниот извршен директор на оваа компанија, Никола Аљушев, вели: „Доколку последниот развој на глобално, односно регионално ниво, почне да влијае на македонскиот пазар на електронски комуникации, веруваме дека комисијата за заштита на конкуренцијата, професионално и во согласност со својата ориентираност за заштита на конкуренцијата, ќе преземе соодветни мерки да го заштити пазарот на мобилна телефонија, а пред се‘ корисниците од евентуално монополско однесување. “

Германците преку T-Mobile имаат повеќе од милион корисници. Грците, пак со Космофон држат повеќе од половина милион корисници, или заедно околу 90% од пазарот. Во законот за заштита на конкуренцијата стои дека е монопол доколку еден субјект има контрола на повеќе од 40% од клиентите или услугите, но за да се утврди монопол треба да се проверат дополнителни критериуми.