1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Македонија се можни екстремни поплави и суши

Македонија во иднина циклично ќе преживува екстремни поплави и суши. Непогодите ќе се почести и посурови, велат научниците. Предлагаат час поскоро да се изработат национални стратегии за да се ублажт штетите од нив.

default

Во Македонија која важи за земја со континентална клима, луѓето последнава деценија се почесто зборуваат за времето и влијанието врз здравјето, штетите во земјоделството и економијата. Научниците и јавноста сметаат дека овие екстремни појави не треба да се игнорираат.

„Сега сме во десет годишен влажен период во којшто не можеме да зборуваме за некаква суша. Но јас верувам во екстремни суши и поплави, дури и нивната фреквенција може да биде позачестена. Тоа значи да се појавуваат почесто и да бидат посурови “, смета доктор Цветанка Поповска од Градежниот факултет во Скопје.

Како да се справиме со екстремните непогоди?

Климатските промени во Македонија и регионот не се премногу изразени за да може да речеме дека ни недостасува вода. Но глобалното затоплување нема да остане без последици, вели доктор Поповска:

„Алармантно е тоа што одредени хидролошки, метеоролошки и климатски екстреми се појавуваат почесто и се посурови и по интензитет се поголеми. Заради тоа треба да се приспособиме и научиме како навремено да се информираме и организираме за да ги намалиме последиците“.

PROF. D-R CVETANKA POPOVSKA

Професор Цветанка Поповска

Во земјите во транзиција во кои спаѓа и Македонија недостасува целосното спроведување на законите од оваа област и нивна хармонизација со Европската директива за води и управувањето со водните ресурси: „Во вакви периоди не треба да трошиме вода за миење на улици од онаа вода што се користи за пиење. Мора да се бараат алтернативни извори на вода за полевање на улици, градини и за индустријата. Изворите на свежа вода за пиење треба да ги штедиме, “ потенцира Поповска.

Во следниве децении Македонија може да очекува ред поплави, ред екстремни суши. Од тие причини е формиран Центар за суша во Југоисточна Европа, финансиран од ЕУ. Од Македонија вклучена е Управата за хидрометеоролошки работи.

Потребата од стратегии за броба против суша и поплави неминовна

globale erwärmung © Surrender #3391022

Според пресметките за ранливост од суша во Македонија само еден процент од територијата се смета за незагрозена , додека на удар на сушата константно ќе бидат околу 40 проценти од нејзината територија, смета Силвана Стевкова од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија: .

„Во областа на земјоделството ќе треба да употребуваме култури што ќе бидат поотпорни на суша . Такви сорти кои што подолг период ќе можат без вода или подоцна да зреат. Така неправилниот развој на врнежите што се јавува во Македонија да биде искористен . “

Борбата против сушата е во рамките на ООН и иднетичната конвенција што Македонија ја има ратификувано.

Одредени сценарија за следните сто години ја потврдуваат тезата дека борбата ќе се води за „синото злато, “ вели Стевкова:

„Во Централна Македонија температурата може да се зголеми за 4,5 степени, а во Западна Македонија и Пелагонија за 5,1 степен. Сценариото за врнежите покажува нивно намалување и тоа за 13 проценти во Повардарието, а во Западна и Источна Македонија од минус 4 до минус 8 проценти. “

Се носат закони и стратегии, но според доктор Поповска загрижува гаснењето на мониторинг станците, а како причина се наведуваат парите:

„Ние наместо да ги зголемуваме хидролошките и метеорлошките станици во набљудување и мерење екстремните појави, ние ја редуцираме или намалуваме постојната мрежа. “

Низ призмата на други сродни теми за екстремните поплави и суши деновиве се дебатираше во Охрид на петтата меѓународна конференција за води и климатски промени Балоис.