1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Македонија се’ добива етнички предзнак

Секоја идеја,законска реализација,економски прашања во Македонија по правило добиваат и етнички предзнак.Во изминатава недела негативната енергија во одделни локални средини ги подгреваше и политичките тензии

default

Подгреани политички тензии

Неколку примери:

Шефот на опозиционата СДСМ Радмила Шекеринска беше во мултиетничко Јегуновце,општина во близина на Тетово.Таму најголем дел од работниците зависат од работата во Силмак,комбинат чиј производ е баран на светските берзи,но има исклучително високи трошоци поради цената на струјата.Шекеринска економскиот проблем го префрли на етнички терен.

Втор пример,примената на законот за полиција и изборот на регионалните „шерифи“,од осумте началници во Тетово на пример не може да се избере,зашто советниците и градоначалниците од опозиционата ДУИ не ги прифаќаат предлозите во речиси сите општини и ниту еден од предложените кандидати од централата не може да биде избран,вели градоначалникот на Гостивар Бејта.