1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Македонија сепак се читаат книги

Напливот на медиуми и интернет сепак не ја истисна книгата, според експертите има читатели кои освен лесна литература и бетселери, читаат стручна литература, а пак има и оценки дека во Македонија се‘ помалку се чита.

default

Во неделата кога се одржува единствената манифестација посветена на книгата во Македонија, 25 - тиот Меѓународен саем на книгата во Скопје, од неколку еминентни писатели, издавачи, професори и научници по македонски јазик и литература, но и обични граѓани, побаравме одговор на прашањето - дали и што најмногу читаат?

Се чита задожителната лектира, ама најмногу светски бетселери

Независно што како тренд во светот се намалува читаноста во печатена форма, која е загрозена од електронските медиуми и интеренет, сепак во Македонија се одржува трендот на читање на книги, смета писателот и издавач Христо Петрески и заклучува:

„Во Македонија се чита стандардна печатена книга бидејќи електронската е во почетна фаза. Според мојата евиденција најмногу се читаат книгите кои им се најнеопходи и на децата и на возрасните. Тоа е лектирата за основци и средношколци, а за добар дел од возрасните интелектуалци тоа се книги кои се поврзани со знаењето и науката. Најчесто тоа се стручни книги за подготовка на магистерски и докторски дисертации и други усовршувања во струката, но сепак најмногу се читаат светските хитови и бетселери“ , потенцира Петрески.

Mazedonien Kinderbuch

Љубовта кон читањето започнува во раните години

Македонците се‘ повеќе читаат книги, смета Раде Силјан писател, издавач и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Тој потенцира дека се чита на македонски јазик бидејќи издавачите последните години се‘ повеќе ги преведуваат светските бетселери и појаснува:

„Преку Саемот на книгата се создава бројна читателска публика која ја сака книгата, која се профилира, меѓутоа истовремено и публика која знае критички да се однесува кон одредени изданија“ .

Децата се наша идна читачка публика

Овие генерации сепак читаат, колку и да се жалиме дека не читаат, дека се оддалечиле од книгата, а што е разбирливо поради времето во кое растат опкружени со интернет и други медиуми, смета Горјан Петрески еден од најчитаните македонски писатели за деца и млади и оценува:

„Моето искуство покажува дека меѓу младите има и такви кои читаат и знаат како да читаат, а потоа знаат како да разговараат и да поставуваат прашања за прочитаното. Оттука мислам дека не треба да се жалиме на иднината на читателите во Македонија. И би додал, во секое време, и кога немаше компјутери тој што сака да чита ќе чита, а тој што не сака не чита“.

Дијаметрално спротивни мислења за читаноста

Според Убавка Гајдова, експерт по македонски јазик од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков’’ од Скопје дадена за ДВ:

Mazedonien Bibliothek Ohrid

Кој не може да купува, алтернатива е библиотеката

„Моја генерална оценка е дека во Македонија нема развиено култура на читање, која подразбира свест и потреба за подигање на нивото на сопствените знаења, како и желба за развој на сопственото духовно живеење на поединците. Па, малкумина го сметаат читањето за осмислен забавен начин на поминување на слободното време. Но истовреме меѓу помладата генерација е забележливо читањето светски бетселери на оригинален англиски јазик“, потенцира Гајдова.

Во Македонија генерално слабо се чита, смета и проф д-р Виолата Пирузе од Катедрата по македонски јазик на Филолошкиот факултет при Скопскиот универзитет.

„Од мојата пракса увидов дека добар дел од студентите наместо да читаат се ослонуваат на интернетот и оттаму црпат податоци. Многу од нив за жал не го почувствувале оној сенс, задоволството да се земе и чита книгата испечатена на хартија“, појаснува проф Пирузе.

Поради тешката економска состојба во која парите воглавно се трошат за храна и најосновни потреби, се‘ помалку остануваат за набавка на книги. Една од читателите, Елена Николовска која деновиве го посети Саемот на книгата ни изјави:

„Среќна сум што конечно купив неколку книги. Саемот поради попустите ми е единствена можност. Купив неколку, а потоа ги читам во текот на целата година се‘ до наредниот саем, а некои ги позајмувам од градската библиотека“.