1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Македонија паѓаат и каматата и економскиот раст

Македонската економија во 2010 ќе расте со побавно темпо од очекуваното, соопшти денеска Народната Банка. Во насока на поттикнување на економијата и банкарскиот сектор намалена е основната каматна стапка за 0,5 проценти

default

Гувернерот на НБМ, Петар Гошев

Очекуваниот раст за 2010 година не се очекува да надмине 0,6 отсто наспроти претходно проектираниот раст од еден отсто од Бруто домашниот производ (БДП), изјави денеска Гувернерот на Народна банка Петар Гошев.

Според ревизијата на макроекономските проекции на банката, економската активност ја спасува зголемениот нето извоз, а врз растот на БДП негативно делуваат намалените лична и јавна потрошувачка, домашната потрошувачка, но најмногу влијание имаат инвестициите кај кои се бележи најголем пад.

Гошев оцени дека најголемите ризици за македонската економија моментно се случувањата во светската економија и надворешната побарувачка.

Во насока на поддршка на банкарскиот сектор и на поттикнување на македонската економија воопшто, Народна банка ја намали и референтната каматна стапка од 5 на 4,5 проценти.

Народна банка и натаму ќе ги следи движењата во домашната и светската економија врз основа на што ќе продолжат натамошните интервенции, истакна Гошев на денешната прес-конференција. Тој уште соопшти дека „инфлацијата во вториот квартал од годинава изнесува 1,1 отсто што главно се должи на зголемување на цените на електричната и топлинската енергија, како и поради зголемувањето на административните цени“.

автор: СН/БГ/миа

редактор: Борис Георгиевски