1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Македонија парите поевтинуваат

Инфлацијата статистички се држи под контрола но македонските граѓани се‘ потешко живеат. Социолозите предупредуваат на негативните последици врз граѓаните од падот на животниот стандард.

default

Парите не стигнуваат да се купи најпотребното

Просечната плата од 300 и нешто евра се топи како мразот на Антарктикот, полека но сигурно, вели Димитар, млад скопјанец кој со својата заработувачка издржува тричлено семејство. До пред некоја година 300 евра беа добра сума со која можеше пристојно да се истера месецот. Сега не стасуваат ниту за основните потреби кои ја сочинуваат потрошувачката кошница. Впечатокот на овој човек дека парите поевтинуваат наоѓа потврда во податокот од Заводот за статистика дека прометот во трговијата на мало годинава е значително намален во споредба со минатата година.

Каде е објаснувањето?

Статистиката не бележи позначајни промени во однос на основните макроекономски показатели. Инфлацијата од неколку проценти не остава простор нејзе да и‘ се препише вината за намалениот животен стандард на граѓаните. Економистите имаат друго објаснување.

„Не постои реална надворешна вредност на денарот во однос на еврото и врз база на тоа постои неадекватна куповна моќ на денарот“, објаснува за Дојче веле професорот Тихомир Јовановски.

Цените растат, граѓаните за истата сума пари можат да купат помало количество стоки и услуги од порано. Таквиот тренд остава последици врз расположението на граѓаните, велат социолозите. Професорот Христо Карталов предупредува.

Mazedonien Land und Leute

„Тоа е едно депресивно расположение, загриженост за иднината, особено кај оние кои имаат фиксни примања, пензиониерите, вработените во јавната администација, поради тоа што нивните доходи се лимитирани“, вели Карталов.

Како да се дотурка до крајот на месецот

Според податоците на државниот завод за статистика - на едно четиричлено семејство само за исхрана и пијалаци во септември му требале 12.037 денари. А од просечната плата останувале 8.517 денари - пари со кои треба да се платат сметки за струја, парно, вода, комуналии, за лична хигиена, за облека, обувки, школување. Дека поскапувањата земаат се‘ поголем замав покажуваат податоците за седум процентен раст на цените на индустриските производи. Деновиве се очекува нов удар по џебот на граѓаните. Регулаторната комисија ќе утврди нови, повисоки цени на струјата и парното.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска