1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Македонија опаѓа стапката на пиратерија

Во Македонија стапката на „пиратеријата“ се движи од 48 – 53 отсто, според владиното координативно тело. Од експертската јавност доаѓаат предупредувања дека државата се уште „каска“ зад ЕУ – стандардите во оваа област.

default

Денеска. кога ширум светот се одбележува 26 – ти април, „Меѓународниот ден за заштита на правата од интелектуалната сопственост“, и во Македонија се преземаат низа активности во тие рамки. Мите Костов, претседателот на Координативното тело за интелектуалната сопственост на Владата на Македонија, вели дека во текот на денешниов ден во скопската депонија „Дрисла“ ќе бидат уништени поголеми количества запленета стока – предмети за облекување и обувки со фалсификувани марки на водечки светски индустриски брендови како што се „Најк“, „Адидас“, „Армани“ и слични, потоа компакт – дискови со музички и видео – записи и друго, што го открија инспекторите од пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи, во содејство со министерството за култура, Советот за радиодифузија и Министерството за внатрешни работи.

„Во 16 – те акции во земјата, изведени во овие четири месеци од 2013 – та година се откриени околу 44 илјади такви предмети вкупно, што значи дека имало и исто толку случаи на кажба на правата од интелектуална сопственост. Во изминатите години сме имале и по 440 илјади запленети предмети – случаи на повреди на таквата сопственост. На удар се најмногу софтверот, односно, програмите за компјутерите, музичката дејност, филмовите, заштитените марки и од медицинско – фармацевтската индустрија, модното облекување.“ – изнесува

China Zerstörung von Raubkopien mit Dampfwalze

Уништување на фалсификувани производи во Кина

Костов.

„Интелектуалната пиратерија“ во РМ: меѓу 48 – 53 проценти, или над 60 отсто?

Според него, „во Македонија од година в година се бележи постојан пораст на „пиратеријата“ – кражбата на интелектуалната сопственост: „Од 2007 – ма година наваму, кога Владата и соодветните државни институции и органи започнаа со систематска борба против кражбите и повредите на интелектуалната сопственост, нивото на „пиратеријата“ напати се движеше од 70 – 80 проценти. Денес тоа изнесува меѓу 48 и 53 – отсто.“

Валентин Пепељугоски, професор на ФОН универзитетот во Скопје и експерт за заштита на интелектуалната сопственост, коментира за ДВ: „Навистина, во оваа и во изминатите неколку години во Македонија се бележи тренд на зголемување на заштитата на интелектуалната сопственост. Сите владини органи кои се активни во системот на оваа заштита, вклучувајќи ги и обвинителството и судовите, постигнуваат добри резултати. Но, сепак, тоа се уште не е доволно да не приклучи во рамки на земјите на Европската Унија. Стандардите за заштита на правата од интелектуална сопственост кај членките на ЕУ се многу високи и ние и натаму треба да се стремиме да ги достигнеме тие стандарди. Според нив, 'пиратеријата' на интелектуалната сопственост треба да е под 40 проценти, додека во Македонија таа се одржува на нивото над 60 проценти.“

На вчерашната (25.април 2013) шеста годишна конференција на тема „Правата од интелектуална сопственост: Заштита и едукација во Македонија“, организирана од Американската стопанска комора во РМ, министерот за економија Валон Сараќини ја нагласи „важноста на промовирањето на креативноста и иновативноста во економијата“. Токму ова е и мотото на годинашното одбележување на „Меѓународниот ден на интелектуалната сопственост“: „Креативноста на следната генерација“.

Дојче веле ги праша експертите: има ли Македонија такви „играчи од следната генерација“ – креативни умови кои ќе овозможат нови пробиви кон иднината за оваа држава, длабоко „заринкана“ во одолжената општествено – економска транзиција?

Деканот на ФИНКИ – државниот Факултет за компјутерски науки и информатичка технологија во Скопје Димитар Трајанов е категоричен: „ Да,  Македонија има креативни умови. И конкретно: студентите на ФИНКИ -  основачи на стартапот 'G6 Solutions', успеаја да го освојат првото место на натпреварот 'Samsung Smart

Fälschung

App Challenge 2012' во категоријата 'Non-games'. 'Samsung Smart App Challenge 2012' е организиран од светски познатата компанија „Самсунг“. Апликацијата ’Crack Your Screen’ на ’Google Play Store’ на нашиот тим доби парична награда и голем број маркетиншки  поволности од ’Самсунг’. Таа апликација досега бележи повеќе од 10 милиони симнувања на интернет. Во поглед на нашите млади умови и нивното ниво на знаење во светски рамки, би сакал да нагласам дека тие го освоија првото место во Европа и 4-то  место во во светот на 6-тиот по ред меѓународен, 24 - часовен натпревар по програмирање 'IEEEXtreme', организиран од најголемата светска организација на инженери 'IEEE'. На натпреварот учествуваа околу две илјади екипи од целиот свет. Овие два примера се конкретен доказ дека имаме креативност и знаење за да бидеме учесници во креирањето на новиот развој.“

Пепељуговски заклучува со следното укажување: „Македонските индустриски компании малку вложуваат во истражувања и развој, што произлегува и од тоа колкава е нивната економска моќ. Но, во последниве 3 – 4 години се забележуваат и позитивни трендови: почнуваат повторно да се враќаат центрите за истражувања и развој, луѓето почнуваат да размислуваат како и надвор да ги заштитат нивните индустриски дизајни и трговски марки. Во делот на патентите е малку посериозна ситуацијата бидејќи се потребни големи тимови, кои ќе создадат нови патенти што ќе може натаму да се искористат, односно, и да се продадат. Но, јас сум оптимист дека Македонија и на тој план ќе напредува.“