1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Во Македонија од следната учебна година задолжително средно образование

Македонското собрание ги донесе измените на законот со кои сега се предвидува и задолжително средно образование од учебната 2008/2009 година. За гласаа 60 пратеника, а опозицијата се воздржа од гласање. Со измените во законот за средно образование се предвидуваат и казнени, но и стимулативни мерки. Според законот, родителите кои нема да ги запишат децата во средно училиште ќе платат казна од 1000 евра, а за нередовност на децата е предвидена казна од 800 евра. Опозицијата критикуваше дека тие не се против задолжително средно образование, но дека владиниот проект е лошо осмислен, избрзан и неприменлив.