1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Во Македонија и натаму се активни повеќе шумски пожари

*

Според најновите информации од Центарот за справување со кризи, пожари има кај Еребино, Тетовско, кај село Дреник во Демирхисарско, близу Бучин кај Крушево, кај прилепските села Кошино и Дебреште. Пожарот на потегот Ивање – Јасен е под контрола на вработените од Националниот парк, а пожарот на потегот Кула – Јасен е локализиран. Огнот во атарот на скопското село Катланово се префрли на другата страна од автопатот. На потегот кон репетиторот Црн Врв, каде се прошири огнот, се упатени 88 припадници на македонската армија и 50 пожарникари со 9 возила.