1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во Македонија за 2005 добри економски резултати

Економските резултати минатат година во Македонија се добри, оцени делегацијата на Меѓународен монетарен фонд на крајот од посетата на Скопје.

ММФ во Вашингтон

ММФ во Вашингтон

Македонската економија е на добар пат, растот на бруто – домашниот производ силен, инфлацијата ниска, реформите се спроведуваат. Со вакви пофалби Меѓународниот монетар фонд ја завршува својата мисија во Скопје. Според ММФ Македонија стои лошо само во секторот за здравство

„Ситуацијата во тој сектор е комбинирана. Имаше некое влошување во долговите и заостанантите обврски во здравствениот сектор во првиот дел на мината година. Но и знаци на подобрување во втората половина од годината. Некои од мерките како меѓународниот тендер за набавка на лекови придонесе за поголема контрола. Со властите работиме на тоа да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме контролата на парите во здравствениот сектор“ кажа Марк Грифит, шефот на ММФ за Македонија.

И владата е задоволна од резултатите, рече македонскиот министер за финансии Никола Поповски

„Добри резултати на фискалната на монетарната страна и на надворешниот сектор. Само да потсетам дека 2005 заврши со раст во рамки на договорениот.“

Но граѓаните не ја чувствуваат економската состојба онака као што ја опишуваат фондот и владата. И дел од експертите сметаат дека политиката што ја заговара ММФ не е доволна за економски резултати што ќе го подобрат животниот стандард на луѓето во Македонија.

„Лично мислам дека стапки на пораст од четири насто се недоволни за Република Македонија.“ вели Академик Таки Фити.

Македонија и ММФ се врзани со три годишен Стенд бај аранжман. Со него се предвидени реформи во повеќе сектори, стабилна макро –економска политика, раст од четири проценти, никса едно - процентна инфлација.