1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во Македонија засилено влегува странски капитал

Интервју со македонскиот министер за финансии Никола Поповски

"Сега ни се особено потребни странски инвестиции насочени кон извоз и кон создавање дополнителен раст. Мора паралелно да се поттикнува развој на мали и средни, како и на големи претпријатија. Високите каматни стапки и високиот хипотекарен залог се пречка за позасилено инвестирање во малите и средни претпријатија – на отстранување на пречките е насочена нашата политика. Потребен ни е и влез на некоја глобална банка што оперира во цел свет, или најмалку во Европа “– вели македонскиот министер за финансии Никола Поповски во интервју за Македонската програма на Дојче Веле.