1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во критериумите за прием на државни службеници не смее да ја има партиската книшка

Новиот Закон за државни службеници е еден од четирите приоритети што Македонија треба да ги оствари до 15 септември за да се обезбеди некаква квалификација на земјата за добивање датум за преговори со ЕУ.

default

Владата ги повлече имените на актуелниот закон од процедура по критиките на опозицијата за наводен таен договор меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за тоа како да се обезбедат механизми за поголем прием на Албанците во државната администрација и да се покрие напливот на прием на партиски кадри од владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Во изминатите 6 месеци се распишани стотина конкурси за прием или унапредување на државни службеници. Секој петти во Македонија е вработен во државната администрација, јавните служби или локалната самоуправа. Гломазниот административен апарат се‘ потешко се издржува.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска