1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во криза, луѓето одат во кино!

Наспроти стравувањата, киносалите во Германија имале зголемен број на посетители во минатата година. Економската криза не ги одврати Германците од задоволството на седмата уметност. Напротив.

default

Зошто Германците сакаат да одат во кино?

„Одредени филмови ги гледаме во кино, зашто тие мораат да се гледаат таму заради атмосферата“

„Доаѓам од еден мал град во Германија и таму луѓето се’ уште одат често во кино. Почесто отколку што одат во театар или некаде на јадење. Киното е се’ уште е многу популарно“ , велат некои од нив.

Во текот на минатата година германските кина имале околу 146 милиони посетители, многу повеќе отколку во 2008 година.

Filmszene Avatar

Сцена од филмот „Аватар“

Кината се полнат секогаш кога има криза

Директорот на штотуку завршеното Берлинале, Дитер Кослик смета дека една од причините за тоа се се’ поомилените тридимензионални филмови како научно-фантастичниот спектакл на Џејмс Камерон „Аватар“ :

„ Луѓето се вратија во кината зашто таквите филмови навистина не можат да се гледаат на рачен часовник. Освен тоа статистиките покажуваат дека во последните 100 години луѓето секогаш ги полнеле кината во кризни времиња. Тоа можеме да го објасниме со зборот- ескапизам“, вели Кослик.

Помалку зачудува и фактот дека за време на економска криза се снимаат навистина голем број филмови. Како што е случајот со неверојатно големиот број снимени филмови во Германија. За тој факт, меѓу другите е заслужна и Кристина Берг. Таа се наоѓа на чело на Германскиот филмски фонд:

„Луѓето повторно со задоволство гледаат германски филмови. Тоа значи дека е вратен стариот квалитет“

Повеќе храброст за подобри филмови

BAFTA Preisverleihung 2010

Актерот Кристоф Валц

Од основањето на Германскиот филмски фонд пред три години, на меѓународните копродукции им се доделуваат 60 милиони евра годишно. На тој начин финансиска поддршка во текот на минатата година добиле 76 играни, 24 документарни и 4 анимирани филмови.

„Одеднаш профункционира цела палета филмски остварувања. Причината за тоа лежи во фактот дека имаме пари, продуцентите имаат храброст да се занимаваат со нови теми, имаме добри режисери, кои истотака се похрабри од порано и кои добиваат помош“, вели Кристина Берг.

Се’ почесто германските филмски уметници добиваат награди на меѓународните фестивали. Најнов пример е актерот Кристоф Валц кој е награден со „Златен Глобус“ за улогата во филмот „Неславни копилиња“ на Квентин Тарантино, како и филмот на Михаел Ханеке „Белата лента“ кој е номиниран за Оскар.

Автор: Силке Бартлик/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска