1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во крвопролевањето во Најроби - десетици загинати

Во нападот на исламистите во трговскиот центар во кенискиот главен град Најроби, според кенискиот Црвен крст, загинаа најмалку 43 лица, а повредени со повеќе од 200.

Речиси 24 часа по почетокот на нападот врз еден трговски центар во кенискиот главен град Најроби, од објектот се‘ уште се слушаат истрели. Bезбедносните сили се обидуваат и натаму со сите сили да го стават објектот под контрола и да ги ослободат заложниците. Според наводи на весникот „Дејли нејшн“ двајца припадници на армијата се тешко повредени и пренесени се во болница.

Терористите најверојатно се забарикадирани во горните два ката на трговскиот центар. Во канцелариите на овие катови има повеќемина заложници.

Најмалку 18 маскирани тешко вооружени лица вчера попладне (21.09) го нападнаа трговскиот центар преполн со луѓе и отворија оган во едно до кафулињата. Одговорноста за нападот ја презедe радикално исламистичката милиција Ал Шабаб од Сомалија. Нападот, како што се вели, е одмазда за

учеството на кениската армија во борбата против исламистите во Сомалија. Кениските трупи влегоа во Сомалија пред две години за да помогнат во борбата против милитантните групи. Оттогаш има закани со напади врз хотели и ноќни клубови во Кенија. Екстремистите веќе се заканија експлицитно и со напад врз трговскиот центар во којшто сега се одвива заложничката драма. Тој трговски центар е омилен кај странците и е посетен особено добро за време на викендите.

Во Кенија се зајакнати безбедносните мерки. Државниот секретар за безбедност Мутеа Иринго изјави дека „владата нема да попушти во оваа војна“.