1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во која насока ќе се развива Пакистан, по самоубиствениот напад во Карачи?

За време на дочекот на поранешната премиерка Беназир Буто загинаа 139 лица. Аналитичарите сметаат дека крвавите настани треба да ги обединат политичките партии и безбедносните служби во борбата против терористите

default

Погребни поворки по крвавите напади во Карачи

Беназир Буто не сакаше да го пропушти дочекот. Сакаше 20, 30 часови да минува низ масата приврзеници во Карачи кои полагаат голема надеж во неа. По десет часови експлозијата ја прекина атмосферата

Атентаторот не успеа да ја оствари целта. Лидерот на опозицијата остана неповредена. 54 годишната Буто и покрај заканите се врати во Пакистан по осум години минати во егзил:

„ Некои луѓе тоа го сметаат за наивно. Но јас верувам дека тоа беше вистинска одлука. Кога некој се бори за нешто во што верува тогаш мора да биде подготвен да плати цена. Верувам во спас на Пакистан, во кој ќе владее демократијата. Ќе погрешев доколку донесев поинаква одлука„

Беназир Буто веќе најави дека ќе ја продолжи предизборната кампања. Дочекот во земјата и покрај крвопролевањето таа го оценува како успех:

„ Тоа беше триумф на народот кој заврши со трагедија. Триумф за сите обични луѓе во Пакистан, кои сакаа да му покаќжат на светот дека нашата прекрасна држава не е земја на терористи и екстремисти. Пакистан е земја на земјоделци кои работат тешко за свој опстанок. Но истовремено земја и на интелектуалци. Заедно сакаме да создадеме модррно општество кое ќе им понуди еднакви шанси на сите„

Буто има добри шанси за изборен успех

Народната партија смета дека нејзиниот кандидат има добри шанси на парламентарните избори кои треба да се држат во јанураи.

Претседателот Первез Мушараф очигледно сака да ја подели власта со Беназир Буто и нејзината партија, пред се заради лошите шанси за повторен избор на сегашната владејачка коалиција. Договор меѓутоа пред се поскауваа САД, смета Шаим ур Раман, коментатор во весникот Даун

„ Војската сама не е успешна во војната против терористите. Во тој поглед не постигнаа ништ ниту политичките поддржувачи на Мушараф. Тој сака да се ослободи од таквиот политички товар и бара алтернатива. Беназир Буто е прифатлива за западот. Таа исто така може добро да се контролира пред се заради нејзините слабости„

Инаку Беназир Буто носи тешко бреме од минатото. Против нејзе е подигнато обвинение за корупција. Нејзиниот сопруг Асиф Али Задари е познат по тоа што ги користеше партиските и државни функции пред се заради лични финансиски интереси, во периодот кога неговата сопруга беше премиер на земјата.

Ќе го одржи ли Мушараф ветувањето?

54 годишната Буто, која е ќерка на поранешниот претседател Зулфикар Али Буто, се договори со Мушараф за поделба на власта. Прашање е меѓутоа дали тој ќе го одржи ветувањето и ќе се откаже од позицијата на врховен командант на армијата кога врхвниот суд ќе го потврди неговиот повторен избор на функцијата. Доколку дојде до масовно влошување на безбедносната ситуација во земјата, Мушараф како што самиот рече, нема да може да ја симне својата униформа.

Значи Пакистан е пред неизвесна политичка есен. Дополнително прашање е дали двајцата непријателско расположени политичари, на функцијата премиер и претседател, можат воопшто да издржат еден покрај друг. За ова познатиот пакистански новинар Шамим ур Раман вели:

„ Кој прв ќе добие шанса, ќе го исфрли другиот. Двајцата се мразат. Тие се егоцентрични„