1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Кинa почна „судењето на векот“

Во Кина денеска (09.08) започна процесот кој медиумите го нарекоа „судење на векот“. За убиство на британски бизнисмен ќе одговара Гу Каилаи, познат адвокат и сопруга на регионален политички моќник.

Судењето на 53-годишната Гу и на нејзиниот асистент Жанг Ксиаојун започна под големо обезбедување во градот Хефеи на истокот на земјата. Кинеските медиуми прво воопшто не соопштија за почетокот на процесот, за подоцна да оценат дека тој ќе биде тест за кинеската заложба кон владеењето на правото. За многу надворешни аналитичари и критичари на кинеската влада целото судење е политичко шоу.

Гу и Жанг се обвинети дека го отруле Британецот Нил Хејвуд во ноември минатата година во хотел во градот Чонгџинг на југозападот на Кина, каде шеф на регионалната влада беше сопругот на Гу, Бо Силаи. Обвинителството соопшти дека Гу и нејзиниот син, инаку студент на универзитетот Харвард, имале конфликт со Хејвуд околу економски интереси.

China Mordprozess Politiker Bo Xilai Gu Kailai

Судење под големо обезбедување

Бо Силаи е контроверзен популистички политичар, кој долго време беше сметан за водечки кандидат за висока функција на државно ниво, особено што токму годинава е планирана големата десетгодишна смена во врвот на кинеската држава. Но, по откривањето на скандалот со неговата сопруга, во март годинава беше суспендиран од Политбирото на Комунистичката партија.

За Британецот Хејвуд не се знае многу, освен дека бизнисменот долги години соработувал со семејството, и помогнал при запишувањето на нивниот син во елитно училиште во Англија.

Gu Kailai Ehefrau des chinesischen Politikers Bo Xilai

Обвинетата Гу Каилаи

Судењето се најде во центарот на вниманието на јавноста затоа што е редок пример на процес против толку високи државни и партиски функционери во затворениот кинески систем. Обвинетата Гу е ќерка на познат генерал од кинеската револуција, а притоа има изградено и успешна кариера како адвокат.

Државната кинеска агенција Ксинхуа објави дека доказите против Гу и нејзиниот ко-обвинет асистент се „несоборливи“, иако се сугерира дека таа делото го извршила за да го заштити својот син од, засега, необјаснетите закани на Британецот Хејвуд.

Експертите предвидуваат дека таа е соочена со затворска казна од најмалку 15 години, иако како олеснителни околности би можеле да се земат стравот за животот на нејзиниот син, како и повремената депресија од која страдала во изминатите години.