1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Кил фатен можен бомбаш

Три недели по неуспешните терористички напади врз регионалните возови во Северна Рајна Вестфалија, според информациите на иследниците, уапсен е еден од двајцата можни поставувачи на бомбите.

Двајцата осомничени

Двајцата осомничени

Според јавното обвинителство во Карлсруе, лицето е упасено денеска изутрина на главната железничка станица во Кил. „Според првите сознанија, кај уапсеното лице станува збор за едно од двете барани обвинети лица, по кои од вчера се трага со помош на објавените виидео-снимки„ соопшти сојузното јавно обвинителство. Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле изрази задоволство и апсењето го оцени како голем успех.

Осомничениот за делото кој денеска ќе му биде предаден на истражен судија, се товари за тоа дека на 31 јули заедно со уште едно лице, на железничката станица во Келн, поствиле бомби во возовите кон Хам и Менхенгладбах. Тие требало да ескплодираат истовремено во 14 часот и 30 минути. Само мала грешка ја спречила експлозијата, а со тоа и крвопролевањето, соопшти сојузната криминалистичка служба. Во јавноста беа и објавени нивните фотографии. Имено, криминалистичка служба вчера ги објави видео-снимките направени на келнската станица и распиша награда од 50 илјади евра.

Во врска со истрагата по поставувачите на бомбите, полицијата денеска пет часа ја блокира железничката станица во Кил. Еден очевидец што сакал да патува за Хамбург, на агенцијата ДПА и изјави дека од патниците околу 4 часот изутрината било побарано да го напуштат регионалниот воз. Тој видел како на еден колосек лежеле две лица на кои им биле ставени лисици. Нешто по 9 часот железничкиот сообраќај повторно беше воспоставен.

Во истрагата полицијата наиде на траги што водат кон Либан. Во неексплодираните куфери беше најдено ливче напишано на арапски, како и кеса за храна од либански производител.