1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во Кан повторно се крева филмската завеса

66-то издание на филмскиот фестивал во Кан од денеска повторно е место за средби на ѕвездите и љубителите на филмот. Фестивалот ќе го отвори филмот „Големиот Гетсби“.

Со прикажувањето на филмот „Големиот Гетсби“ на австралискиот режисер Баз Лурмен денеска започнува 66-то издание на филмскиот фестивал во Кан.

Филмот на Баз Лурмен, „Големиот Гетсби“ (The Great Gatsby) со холивудската ѕвезда Леонардо Дикаприо во главната ролја, всушност е веќе четвртата екранизација на истоимениот роман на Френсис Скот Фицџералд, а ќе биде прикажан вон конкуренција. Тоа е сторија за порочното американско општество од 1920-те во кој ликовите на Ник Карау и неговата братучетка Дејзи Бјукенен ги толкуваат Тоби Мегваер односно Кери Малиган.

За главната награда на гламурозниот филмски фестивал, Златна палма конкурираат 20 филмови. Меѓу нив и делата на иранскиот режисер Азгар Фархади, Роман Полански или браќата Итан и Џоел Коен.

На премиерите до доделувањето на наградата на 26. мај во Кан се очекуваат голем број филмски ѕвезди. На листите со гости се наоѓаат Мајкл Даглас, Мет Дејмот, Џастин Тимбрлејк, Марион Котијар и други. За завршниот филм „Зулу“ се најавени Орландо Блум и Форест Витакер.

Во годинешното жири на филмскиот фестивал се наоѓаат актери како Никол Кидман и Кристоф Валц како и режисерите Анг Ли и Даниел Отри. Претседател на жирито е американскиот режисер Стивен Спилберг.