1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во канџите на автомафијата во БиХ

Автомафијата во БиХ работи со се’ пософистицирани методи, надлежните пак ја зајакнуваат прекуграничната полициска соработка и сугерираат, жртвите да не преземаат акции на своја рака, оти може повторно да бидат измамени.

default

„Тоа беше Голф ГТ Специјал, се’ до моментот кога извесен крадец го оттуѓи“, вели Денис, кој е една од многуте жртви на автомафијата во Сараево. Откако му го украле автобомилот, крадците го побарале по телефон, по што следеле преговори за откупување. Меѓутоа, крадците биле од

VW-Golf Modelle I bis IV

Република Српска, поради што инсистирале примопредавањето да биде извршено на нивна територија. „Приоѓа човек и вели се’ е регулирано, дали ги донесе парите. Јас ги донесов парите, ги предадов, човекот си замина со парите и вели за десет минути ќе стигне и автомобилот. Прво размислувам дали да му ги дадам парите, дали не. Ги дадов парите, не го добив автомобилот и се помирив со тоа. Доживеав тој истот криминалец и да го уапсат.“

Криминалецот е уапсен, меѓутоа од голфот нема ниту трага. Документите, според оштетениот Денис најверојатно се фалсификувани, бројот на шасијата сменет и кој знае колку сопственици сменил досега и на кој пазар завршил.

Купувачите треба да бидат внимателни

На сараевскиот автопазар, половните автомобили секогаш се барани. Потенцијалните купувачи свесни се дека треба да бидат внимателни. „Кога се купува автомобил се вози директно на технички преглед, пред воопшто да се исплати. Тие таму знаат кога се менувани броевите, но кога даваат гаранција може да бидеш сигурен во тоа.“

И чесните продавачи сугерираат на внимателност.„Полицијата нека провери, за да може мирно да спиете.“ - „Јас гледам број на мотор, на шасија, година, сопственик.“

Организирана измама

Но препродавачите на украдените автомобили се мајстори за измама кои постојано се усовршуваат во својата работа.

MO FLASH Bosnien-Herzegowina - Hauptstadt Sarajevo

Сараево

Портпаролот на обвинителството на Босна и Херцеговина Борис Грубашиќ вели дека автомафијата е одлично опремена и поседува завидни технички познавања. „Веќе не станува збор за класични кражби и обивање на автомобили. Се’ повеќе се користат сметачи, лаптоп компјутери, софистицирани електронски алати. Постојат лица кои се задолжени само за кражба на моторното возило. Постојат лица кои се задолжени само за криење на тоа возило, за набавка на фалсификувана документација, како и лица кои нелегално ги пренесуваат тие возила преку граница надвор од Босна и Херцеговина.“

Во ваквите криминални активности не ретко се вклучени и овластени служебни лица, што се потврдува и со акцијата Камен, при која е упасен еден српски полицаец и еден припадник на босанско - херцеговската гранична полиција.

Нарачани кражби на автомобили

Крадците се’ повеќе бесправно оттуѓуваат автомобили во една држава, а ги продаваат во друга. Само во Сараево

Audi A4

Новите автомобили се на цена

секојдневно се крадат два, три и повеќе автмобили.Во последно време тоа се луксузни автомобили со понов датум на производство. Некогаш возила се крадат и по нарачки кои стигнуваат од соседните држави, Србија или Хрватска. Затоа меѓудржавната соработка во борбата против автомафијата има големо значење. Грубашиќ вели дека соработката е многу добра, а тоа го потврдуваат и резултатите од акцијата Камен. „На ист ден, истото утро, речиси во ист момент беа спроведени активности во Србија за апсење на лицата и пронаоѓање на возилата. Сорботката е се’ подобра и се надеваме дека така ќе биде и во иднина.“

Надлежите сугерираат соработка со полицијата, инаку многумина може да ги најде истата судбина како и нашиот соговорник Денис.

Автор: Самир Хусеиновиќ/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски