1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Каиро повторно цркви во пламен

Крвави судири во Египет меѓу христијаните и муслиманите. Најмалку 10 лица загинале а над 100 се повредени. Египетскиот премиер Есам Шараф свикал вонредна седница на владата и ја откажал посетата на Обединетите Емирати.

Крвави верски судири во Каиро

Крвави верски судири во Каиро

Утрината се’ уште се креваше чад во работничкиот кварт Имбаба во египетскиот главен град Каиро. Покрај црквата Свети Мина во пламен беше и соседната куќа. Пожарникарите со часови работеа на гаснење на пожарот. Полицијата и војската во голем број се присутни во квартот и го блокираат пристапот до црквата. Тензијата тука е се’ уште голема.

Во ноќта гореше црквата Свети Мина. Пожарот го подметнаа радикалните муслимани, се вели, од одмазда. Причините се во гласините дека во црквата против нејзина волја била држена една жена, коптска христијанка која сакала да премине во ислам зашто имала љубовна врска со муслиман.

Група радикални муслимани вчеравечер сакале да ја нападнат црквата за да ги ослободат наводните заложници.

Отфрлување на обвиненијата

Христијаните тврдат дека тие не држеле никого како заложник, туку дека станува збор за напад на муслиманските екстремисти врз црквата. Насилството се проширило и на околните улици. Уште една црква била во пламен. Многу Египќани се дистанцираат од овој конфликт:

„Тоа е работа на стариот режим. Луѓе кои се верни на стариот режим, сакаат да ни се одмаздат и провоцираат конфликт. Ви велам , никој, ни христијанин ни муслиман не би запалил црква“.

NO FLASH Gewalt zwischen Christen und Moslems in Kairo Ägypten Feuer in Kirche

„Пожарот вчера го изгаснавме заедно ние муслиманите и христијаните. Нема потреба да не‘ нарекуваат муслимани или христијани. Ние сме една нација“.

Во Египет постојано доаѓа до судири меѓу христијанското малцинство Копти и муслиманите, а особено во последниот период по соборувањето од власт на долгогодишниот претседател Хосни Мубарак. Последен пат на крајот од март 13 луѓе загинаа а околу 100 беа повредени. Насилството избувна за време на протестите против уништувањето на една црква. Во Египет е најголемата христијанска заедница на Блискиот Исток. Според различни проценки, Коптите сочинуваат околу 10 насто од 80-милионското население на Египет.

Автор: Тим Шилинг/Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска