1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Во Италија почна процес против ЦИА агенти

*

Во Милано денеска започна судскиот процес во отсуство против 26 агенти на ЦИА, обвинети за за киднапирање на египетскиот Имам во 2003 година. Обвинителството соопшти дека Имамот Абу Омар бил грабнат во Милано и преку Германија бил пренесен во затвор во Египет каде бил малтретиран. Во случајот се обвинети и неколкумина италијанци кои им асистирале на агентите на ЦИА.